По иницијатива на таткото на Влатко Илиевски, Драган Илиевски – Вршац, беше промовирана досега необјавена песна, „Со тебе најдов среќа“.
Влатко Илиевски почина на 6-ти јули 2018-та, на само 33-годишна возраст и остави многу луѓе зад себе, скршени од болка.
Неговиот татко, Драган Илиевски – Вршац, најави дека се подготвува албум со песни кои ги отпеал Влатко, но досега не биле објавени.
Како најава за тој албум е песната „Со тебе најдов среќа“, која беше промовирана на 7-ми февруари 2021, а видео записот, монтиран од Дејан Таневски, е објавен на Фејсбук Фан страната на Влатко.