Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров по средбата со министерот на Словачка Иван Корчок изјави дека е благодарен за солидарноста, но и за подадената рака на Словачка кон македонскиот европски пат.
Под 18 години веќе сите се преселија на: Тик ток, снеп чет и можеби и инстаграм. Тие сакаат енкрипција од крај до крај, не сакаат да бидат следени, се плашат од малтретирање преку Интернет и говор на омраза и не сакаат реклами но не сакаат и драми.
Пред сè, тие не сакаат да бидат на истите социјални мрежи како нивните мајки, татковци, тетки, чичковци и баби и дедовци.
За земјите од Западен Балкан нема друга алтернатива освен влез во Европската Унија и НАТО. Со вербата за членство во НАТО и ЕУ ние го сменивме нашиот Устав, а со тоа и нашето уставно име. Навистина не беше лесно, беше едно горчливо чувство, можете да замислите колку е тешко да додадете нешто на вашето име, но тоа го направивме заради младите луѓе, заради децата и изградивме големо пријателество со нашиот сосед Грција, нагласи премиерот Зоран Заев на денешната онлајн дебата на Атланскиот совет на тема „Северна Македонија на прагот од Европа“.
Премирот Зоран Заев на денешната онлајн дебата со Атланскиот совет на тема „Северна Македонија на прагот од Европа“ изрази надеж дека следната недела земјава ќе добие вакцини против Ковид-19 од „Фајзер“, а потоа и од другите производители.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против полициските службеници Д.Д. (24) и Е.С. (29) од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „примање поткуп“ по член 357 став 1 од КЗ на РСМ, соопштија од МВР.
„Нашиот став е дека пријателите не треба меѓу себе да се блокираат. Напротив тие треба си помагаат. Бугарија мора да разбере дека имаме суверено право да се определиме и чувствуваме како Македонци кои зборуваат македонски јазик, а со тоа да се почитуваат и сите европски идентитети кои ги имаме во нашата земја. Сметам дека нивниот сегашен став е анахрон и е спротивен на меѓународното право. Ние како држава ќе продолжиме да ги правиме сите напори да постигнеме надминување на проблемите, притоа почитувајќи се себе си и останатите. Нашата држава е Европа во мало“, нагласи премиерот Заев.
185 актери во Германија направија „каминг аут“ како геј мажи, лезбијки, бисексуални, квир, небинарни или трансродови лица во статија објавена во магазинот Süddeutsche Zeitung во петокот, 5 февруари 2021 г., пренесува PinkNews. Тие објавија заеднички манифест во кој повикуваат на повеќе ЛГБТ+ ликови на екраните, а исто така бараат промена на ставовите кон ЛГБТ+ актерите во индустријата.
„Како функционер ми е најважно кои луѓе и колку ги имаме во нашите општини. Оттаму, се согласувам дека треба да се спроведе релевантен попис, а нас како градоначалници ќе ни биде од исклучителна важност. За да планираме, ние треба да ги имаме податоците. Затоа сметам дека пописот е важна операција, за да знаеме колку паркинзи, училишта, градинки итн. ни се потребни. Од некаде треба да се почне, а ние како народ правиме од се политика. Од нас градоначалниците, зависи како ќе се одвива оваа статистичка операција. Со мерки за претпазливост и заштита, има опции за реализација на пописот“, истакна Богдановиќ.
Речиси педесет заболени од овој сој откри лабораторијата во МАНУ. Заболени има во десетина града низ државата.Во Прилеп и Охрид најголем број. Медицискиот персонал од Клиниката за нефрологија не е заразен од оваа мутација на Ковид-19. 22 лица починаа во последното деноноќие