ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Д-р Грозданова: Возраста и хроничните заболувања се приоритетни групи за вакцинација

February 10, 2021 09:37
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА

Претседателката на Комисијата за имунизација проф. д-р Александра Грозданова во синоќешното гостување во Топ Тема на телевизија Телма информираше дека со потпишувањето на договорот, станува збор за денови за испорака на вакцините од Кина.

Грозданова потенцираше дека вакцинацијата против КОВИД-19 не е задолжителна и истата претставува избор на поединецот дали ќе ја прими или не, но укажа на важноста од вакцинација во надминување на состојбата со вирусот.

„Здравствените работници треба да бидат први коишто ќе покажат со сопствениот пример, првенствено дека веруваат во процесот на вакцинација и дека ќе ја примат вакцината. Примерот почнува од секој од нас. Системот за нивното вакцинирање нема да биде со директно закажување, туку според податоците кои ги оставиле во клиниките, болниците кадешто работат, ќе бидат повикувани и ќе добиваат соодветен термин за нивно вакцинирање.“, изјави д-р Грозданова.

Таа потенцираше дека веднаш по здравствените работници, возраста и хроничните заболувања се приоритетните групи за вакцинација.

„Возраста е под број еден, тоа и досега го видовме дека најпогодени се повозрасните лица, независно од нивната здравствена состојба. Токму затоа одиме со првата група над 70 години. Втората категоризација е акутното заболување кое го имаат или хроничните состојби кои се третираат подолг временски период. Само за појаснување малигнитетите се во приоритетот, но воопшто не е исто дали еден пациент имал малигнитет пред 3 години и сега е во комплетно здрава состојба или еден пациент кој пред 3 месеци ја примил својата прва терапија. Оттука, потребата за координација помеѓу матичните лекари, специјалистите и пациентите е потребна“, рече д-р Грозданова и нагласи дека во процесот на категоризација се следени препораките на експертски групи за приоретизација во делот на вакцинација и досегашните искуства во светот.

Во гостувањето на Топ Тема, д-р Грозданова информираше дека препораките од Светската здравствена организација велат дека еден месец после комплетното закрепнување од Ковид-19 може да се прими вакцината, но сепак еден индивидуален пристап е потребен особено поради тоа што не секој пациент болеста ја поминува со иста клиничка слика.

Во однос на Ковакс механизмот, Грозданова посочи дека станува збор за сериозен механизам кој го потпишаа 152 земји. Земјите од Западен Балкан, освен Србија, се уште ги очекуваат вакцините од КОВАКС, но никогаш точно не беше посочено освен што беше споменувано на сите состаноци кои течеа од јули 2020 година дека испораката на вакцините ќе биде во првите месеци од 2021 година.

Во контекст на најававените вакцини на Астра Зенека кои треба да пристигнат преку овој систем и прашањето за безбедноста на истите, претседателката на Комитетот за имунизација Грозданова информираше дека голем број на земји веќе се вакцинираат со вакцините на „Астра Зенека“, вклучително и Велика Британија.

„Вакцината на „Астра Зенека“ е висококвалитетна. Она што се виде дека всушност не станува збор за безбедноста на вакцината, туку таа покажа помала ефикасност кај популацијата над 65 години. Но, вакцината обезбедува доволно антитела и кај оваа популација, односно обезбедува над 60 проценти заштита. Се потврди дека таа не заштитува од јужно-африканскиот сој на вирусот. Меѓутоа, тоа е нешто што може да го очекуваме во континуитет и кај другите вакцини, заради мутациите ќе се јавуваат промени на самиот вирус“, рече Грозданова.

На прашањето за изборот на вакцините и процесот на набавка, Грозданова посочи: „Секој еден релевантен и регулаторен орган од секоја држава она што прво ќе ве праша е дали таа вакцина којашто ја нарачувате има потврдени клинички студии и дали е регистрирана на национално или интернационално ниво. Нашите приоритети беа да добиеме вакцина која е безбедна и ефикасна. И овие податоци во ноември- декември не беа потврдени ниту за Спутник вакцината, потврдата за ефикасноста на Спутник излезе пред неколку денови во „Лансет“. Кога треба да бидете оној кој треба да избере најквалитетно и најбезбедно решение за граѓаните мислам дека ние се водевме по тие ставови. Дополнително, комуникацијата со Фајзер започна уште во крајот на септември, почетокот на октомври. Ние пристапивме и до Астра Зенека и до Модерна, но сите тие регулаторни постапки, конкретно Фајзер побара од нас на територијата на Македонија да се јави исклучиво како договор со производителот. Тоа нашите законски регулативи не го предвидуваа“, посочи д-р Грозданова.

 

Next Post

„Eувсдисинфо“: Телевизијата РТ, информативно оружје на Кремљ

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија

August 16, 2025

Зеленски: Без трилатерална средба, треба да следуваат построги санкции за Русија

August 16, 2025

Стармер: Зеленски мора да учествува во идните мировни преговори

August 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk