ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Шахпаска: Со засилена контрола на Државниот инспекторат за труд ќе се утврдуваат прекршувања на Законот и ќе се изрекуваат санкции

February 10, 2021 21:23
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма Телевизија зборуваше за новото законско решение кое предвидува недела да биде ден за неделен одмор.

„Државниот инспекторат за труд  при контролите во надзорот кој го врши, утврдува  доколку се прекршува членот 134 од Законот за работни односи кој што го регулира ова прашање и  предвидува мерки и санкции согласно Законот за прекршоци,“ истакна министерката Шахпаска во однос на прашањето како ќе се контролира почитувањето на  Законот и работничките права.

Министерката Шахпаска го истакна значењето на постоењето на социјалниот дијалог со социјалните партнери при креирањето на ова законско решение. На седниците на Економско социјалниот совет може да се слушне мислењето и на работниците и на работодавачите, со цел изнаоѓање на најдоброто решение за сите засегнати страни.

Таа посочи дека само со добра организација и реорганизација на работниот процес како од страна на работодавачите, така и на целиот систем, може да се врати она што значеше работничко право.

Воедно на прашањето дали работничките во конфекциите ќе работат , таа одговори дека тие нема да работат согласно новото законско решение, неделата да биде ден за неделен одмор.

Во однос на прашањето за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, кој се однесува на промена во делот на престанокот на договорот за вработување врз основа на возраст односно пензионирање министерката посочи дека тоа предвидува одење во пензија на 64 години и 15 години стаж. Како и дека жените сепак можат да одат во пензија и со 62 години, доколку за тоа изразат волја,  согласно  Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Таа потенцираше дека во пакет со Законот за работни односи оди и Законот за административни работници, кој предвидува одење во пензија на 64 години, потоа Законот за здравствена заштита и  Законот за високо образование каде е предвидено продолжување до 67 години, доколку претставуваат дефицитарен кадар. Во однос на приватниот сектор, министерката посочи дека во овој случај станува збор за меѓусебен договор на работодавачот и работникот.

„Анализите на Министерството за труд и социјална политика се дека, доколку Законот беше усвоен пред Нова Година тогаш 4000 работници постари од 64 години ќе одеа во пензија, а 2021 година дополнително уште 2000, што значи до крајот на годината би заминале во пензија 6000 граѓани, потенцираше министерката зборувајќи дека за кондицијата на пензискиот систем нема дилема како и дека ова законско решение нема да има финансиски импликации , со тоа што пензискиот систем по нормален тек ќе ги апсорбира лицата кои се пензионираат.

Next Post

АМС: Најавеното Изборно собрание на ФФМ е незаконско

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk