ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МОЗАИК

Муратов: Дел од политичките структури во недостаток на програма и понуди го користат пописот за предизборна кампања

February 11, 2021 11:12
in ДЕНЕС, МОЗАИК
Share on FacebookShare on Twitter

Јас би се осврнал кон проблемот со помалубројните етнички заедници. Ова не го кажувам за да бидам политички коректен, не велам помали заедници, бидејќи сите заедници се еднакви, но моментот е – колку се тие помалубројни? Ние веќе дваесет години немаме попис, ние не знаеме колку жители има во државата…Ние не знаеме колку помалубројните заедници се, условно кажано, едни од најголемите заедници коишто мигрираат, коишто си заминуваат од државата, вели Дехран Муратов од ЦИВИЛ на панел дискусијата на ЦИВИЛ „Како се може да се (зло)употреби пописот“.

И јас сум уверен дека ќе испадне многу поголема бројката на тие  коишто се  заминати во странство, отколку на тие што живеат во нашата држава. Она што би требало да се знае, е дека треба секој да се декларира така како што најдобро се чувствува. Гледам дека има некаков обид од некои политички структури, да се активираат повторно во политичкиот живот, искористувајќи ја статистичката операција, односно пописот, и гледаат можност да излезат големи патриоти, ,и да ги убедуваат, условно кажано, „своите граѓани“, и тоа е малку лицемерно, затоа што во недостаток од понуда на политичка програма, тие ќе го искористат моментот, ова е мое, лично мислење, за до локалните избори, им покажат на „своите граѓани“, да кажат –еве ние како се боревме да се попишете на пописот, што е основно и загарантирано право…

И затоа, кога ќе кажам помалубројните етнички заедници, во овој момент некако се оставени на страна. И некако, како пописот да се бори за двете поголеми етнички заедници, а другите заедници како да  остануваат на – ако ви дадеме нешто.

Ќе дадам еден пример, ние имаме уставна категорија, којашто без разлика на мојата етничка припадност, јас не сум бројка, не мора некој моите права да ми ги ограничува или да ми ги даде според некоја статистика или според некоја бројка. Ако утре одам на вработување, да бидам таму затоа што вредам како личност, а не затоа што сум припадник на некоја одредена етничка заедница. За жал, политиката засега е таква, каде што прво се гледа етничката припадност, и повторно ќе кажам, тој систем се манипулира, видовме примери каде што Албанци се попишуваат како Македонци, или Македонци се попишуваат како Роми, и слично, само за да го пополнат тој број, да ги задоволат политичките калкулации, а вистинската бројка, вистинските луѓе, не се од етничката припадност, сега, можеби тој како припадник се почувствувал во моментот дека е припадник на една етничка заедница. Но тоа е манипулација, манипулација на системот. И затоа сметам дека во овој момент е битно секој што се чувствува како што се чувствува во моментот, така да се попише. Ние имаме ситуација, еве ќе ги спомнам Египќаните, и би сакал и од директорот да слушнеме дали ќе ги има во овој попис како статистичка операција. Гледаме, на пример, притисок кон Египќаните, затоа што некој ги убедува дека не се Египќани. Одредена етничка заедница им вели – ама вие не сте Египќани, вие сте ова!

Кои се тие да убедуваат во нешто што е спротивно? Ако тој се чувствува како Египќанин, тој      треба да се попише како Египќанин, ако некој се чувствува како Ром, треба да се попише како Ром, ако сам изрази желба. Сега веќе знаеме дека ќе се попишува на седум јазици, што е добро, затоа што веројатно има одредени категории коишто не разбираат доволно добро, не може да се изрази добро и во пописот може да има погрешна статистика, ако не може да одговори на својот јазик, и затоа го поздравувам тој потег.

Муратов изјави дека пописот е ставен во таканаречен изборен контекст, односно, одредени политички структури се произнесуваат дека се води кампања за пописот.

-Велат, ние почнуваме кампања за пописот. Каква кампања за пописот? Не е пописот кампања, пописот е статистичка операција, не може да кажеш ние почнуваме кампања за попис… Самиот збор кампања, веќе навестува на некаква политичка позадина. Пописот треба да е статистичка операција, бидејќи ако на едно одредено место живееле луѓе од помалубројни етнички заедници, на пример, 95% биле Бошњаци, но немаме статистички податоци за тоа место 20 години, на пример претходно имало потреба за 10 паралелки, а сега, со миграцијата, таму можеби има три паралелки, можеби во тоа училиште се учело само на македонски јазик, а таму 95% од учениците се Албанци, Бошњаци, Турци или Роми…и според тоа, државата треба да направи стратегија за воведување мајчин јазик во тоа училиште. Затоа сметам дека овој момент е битен за помалубројните етнички заедници, да не го бојкотираат пописот, и досега не сум видел такви побуди или повици кај помалубројните етничките заедници, иако одредена политичка структура повикува на бојкот и да се поништи законот за попис, има и припадници на помалубројните етнички заедници во таа коалиција, но самата коалиција, односно припадниците, не повикуваат на бојкот. Но на терен, кога правевме анкета со граѓаните, има спремни граѓани, коишто се изманипулирани  и велат ќе бојкотираме, дури и да бидеме казнети. Тие се изманипулирани бидејќи на пописот наводно ќе немало графа националност. Се сетив сега дека имавме ситуација, пред да се активира законот за пописот, лажна вест дека 70.000 косовари ќе бидат попишани во Македонија и ќе добијат македонско државјанство. И тоа доаѓа од високи функционери коишто се од одредени политички структури коишто на тој начин, преку манипулации и лажни вести доаѓаат до поени, еве пред локалните избори што ни претстојат. Сметам дека дел од политичките структури, коишто во недостаток од политичка програма и понуди, ќе го искористат пописот како да направиле нешто, а пописот е нормална работа, но тие ќе си го препишат како нивна заслуга дека направиле нешто за пописот. Тоа е надвор од секаков ум.

Дијана Тахири / Цивил медиа

камера: Атанас Петровски

монтажа: Ариан Мехмети

фотографија: Горан Наумовски

Next Post

Маричиќ: Интензивно работиме на дигитализацијата на судството

Shortcut

Најново

Поскапуваат горивата: Дизелот од полноќ се зголемува за 6,5 денари, бензините за 4,5

August 17, 2026

Борозан: Зошто се крие документот за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

August 17, 2026

Мисајловски на свечен собир по повод Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и подобри услови за вработените

August 17, 2026
Wild Fire - photos by Vecteezy

Огнено лето 2026: Екстремни пожари и климатски промени

August 17, 2026
Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk