ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Шахпаска: Легализирани 55 ромски куќи и обновени девет во Општина Виница, како дел од програмата ИПА 2 на ЕУ, продолжуваме да се грижиме за најранливите категории на граѓани

February 11, 2021 15:31
in ДЕНЕС, МОЗАИК, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, заедно со раководителот на  секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ во Скопје, Никола Бертолини и градоначалникот на Општина Виница Ивица Димитров, денеска беа во посета на ромската населба во Виница, со цел увид во тековните активности на проектот „ Обезбедување на пристојни услови за домување на ромската заедница во Општина Виница“, како дел од ИПА II Акциска програма 2017, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

„Министерството за труд и социјална политика посветено работи на креирање на политики и активности кои што треба да ги решат проблемите на најранливите категории на граѓани. Заедно со Владата на РСМ, Европската комисија претставена преку делегацијата на Европската унија во нашата држава, работиме на проекти за подобрување и обезбедување на пристојни услови на домување на ромската заедница,“ истакна министерката Шахпаска.

Таа истакна дека целта на овој проект е  легализирање на домовите на 245 ромски домаќинства, од кои завршена е легализацијата на 55 ромски куќи, 122 куќи се во процес на легализација и 68 барања за легализација на ромски куќи зависат од усвојувањето на нов закон.

„Како втора компонента од овој проект е реконструкција и подобрување на условите за живот на 22 куќи од оваа населба, од кои 9 се завршени и комплетно финансирани со средства од овој проект. Дополнително, 622 жители, роми кои што живеат во оваа населба, ќе влезат во деталниот урбанистички план на градот со подобрени инфраструктурни услови,“ изјави министерката Шахпаска.

На денешната посета на Општина Виница како дел од проектот „ Обезбедување на пристојни услови за домување на ромската заедница во Општина Виница“ во општината им беа врачени документите за легализација на имот на неколку жители од оваа населба од страна на миниситерката Шахпаска, Г-н Бертолини и градоначалникот Ивица Димитров.

Од страна на градоначалникот Димитров беше истакнато дека покрај реновирањето на нивните куќи, легализација на имотите , сериозно се работи и на целосната инфраструктура на населбата, како веќе завршената реконструкција на пат, соларно осветлување на улиците и контејнери за складирање на отпад.

Идејата  и барањето  за имплементација на ваков  проект во нашата држава е на Министерството за труд и социјална политика, овозможен преку ИПА 2 програмата на Европската комисија, а како имплементатори се јавуваат Општина  Виница заедно со НВО Челим од Италија во соработка со Ромскиот  ресурсен центар од Општина Виница.

Линк до видео: Легализирани 55 ромски куќи и обновени девет во Општина Виница, како дел од програмата ИПА 2 на ЕУ – YouTube
Next Post

МВР го повика на разговор креаторот на vaksajns.mk

Shortcut

Најново

Поскапуваат горивата: Дизелот од полноќ се зголемува за 6,5 денари, бензините за 4,5

August 17, 2026

Борозан: Зошто се крие документот за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

August 17, 2026

Мисајловски на свечен собир по повод Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и подобри услови за вработените

August 17, 2026
Wild Fire - photos by Vecteezy

Огнено лето 2026: Екстремни пожари и климатски промени

August 17, 2026
Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk