ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Не наседнувајте! Лажна докторка нуди неодобрен лек за цистит

February 12, 2021 14:14
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Центар со баш такво име – Британскиот центар за урологија и гинекологија, не постои. Докторка со име Елизабет Вилсон постои во градот Колумбија во државата Мисури во САД. Споредбата на фотографијата од вистинската докторка Вилсон и наводната докторка од текстот што го рецензираме покажува дека станува збор за сосема друга личност. Оваа докторка никако не може да се поврзе со лекот што се рекламира во текстот, кој не може да се најде на официјалниот регистар на лекови на Министерството за здравство, што значи тој не е одобрен ниту препорачан од официјални институции, пишува Вистиномер.

Лажна докторка рекламира лек за циститис и женски болести. Оваа објава е всушност онлајн измама која прво објаснува, односно заплашува за последиците од циститот, а потоа наводно нуди решение, поточно продажба на лек којшто не е официјален, регистриран и одобрен.

Во текстот е преставена извесна докторка Елизабет Вилсон за која се тврди дека е главен уролог на Британскиот центар за урологија и гинекологија. Прво, таков центар со баш такво име не постои, а со тоа ни таква докторка која работи во него. Со пребарување на фотографијата од докторката на Гугл, јасно станува дека е искористена обична фотографија и преставена како некоја докторка.

Пребарувањето на името на докторката, ни покажува дека докторка со вакво име и оваа специјалност постои, но таа нема никаква врска со никаков Британски центар за урологија и гинекологија, туку е докторка од градот Колумбија во државата Мисури во Соединетите Американски Држави. Споредбата на  фотографијата од вистинската докторка Вилсон и наводната докторка од текстот што го рецензираме, јасно покажува дека станува за сосема друга личност. Оваа докторка никако не може да се поврзе со лекот кој се рекламира во текстот.

Половина од текстот е плагијат. Иако е преставен како интервју со лажната докторка, всушност, првиот дел од текстот каде што се објаснува што е цистит е препишан од текст што го напишал доктор Васил Илиев, специјалист по гинекологија и акушерство од клиниката Жан Митрев. Тој текст е објавен на нивната официјална веб-страница.

Постои и унгарска веб-страница која ја има истата содржина како и македонската. Таму докторката Елизабет Вилсон е преставена како виш уролог при центарот за Урологија и Гинекологија во Унгарија. Подолу, како и во македонската верзија од текстот, има тестимонијали од „задоволни клиенти“. Единствената разлика е што во тој текст се нуди лекот „Уротрин“, а во македонската верзија „Детоник“.

Пребарувањето на лекот, што во текстот привлечно се нуди за одредена цена, покажува дека станува збор за лажен лек, кој на одредени веб-страници се нуди како лек за уринарни инфекции, а на други како лек за хипертензија односно висок крвен притисок.

Лекот не може да се најде ниту на официјалниот регистар на лекови на Министерството за здравство, што значи и да постои, тој не е одобрен ниту препорачан од официјални институции.

За да привлече повеќе продажба и инстант заинтересираност, во текстот се користат маркетиншки трикови како „50% попуст“, „останати се 5 пакувања“ со што читателите може да наседнат и да направат брза порачка која нема да им го реши проблемот.

Вакви лажни објави, за лекови кои наводно можат да ви помогнат во најмала рака се неетички и нехумани, а истовремено можат да бидат и опасни односно да го загрозат здравјето на луѓето.

Доколку имате ваков или каков било проблем, не верувајте дека решение може да бидат вакви лажни објави за наводни лекови. Консултирајте се со вашиот лекар и информирајте се од официјални извори пред да наседнете на вакви измами и направите каква било он-лајн порачка колку и да ви изгледа дека тоа може да биде добро решение на вашиот моментален проблем.

Next Post

Околу 6000 странски туристи ја посетиле земјава во декември лани

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk