Кире Лазаров е нов селектор на македонската ракометна репрезентација, откако ја доби поддршката од Управниот одбор на РФМ. Актуелниот капитен на националниот тим и убедливо најдобриот ракометар во историјата на Македонија го прифати предизвикот да биде и селектор, пренесе Локално.мк.
„Сакам да се заблагорам на претседателот и УО за подрката, без размислување го прифатив овој предизвик за мене. Македонија не сум ја одбил, така и во оваа ситуација. Не очекува голема одговорност, работи кои заедно ќе ги направиме. Се надевам на успешна и долгорочна соработка во иднина“, беа првите зборови на Лазаров.
Тој ќе дебитира на клупата на репрезентација веќе во март, кога нè очекува двомеч со Данска во квалификациите за ЕП.