Северна Македонија ќе продолжи засилено со реформи до усвојување на преговарачката рамка, да се врати рационалност во комуникацијата со Софија. Османи за „Ла либр“ вели дека со Софија можеме да дебатираме за историјата, не од перспектива на ревидирање на идентитетите, туку од аспект на едукативна перспектива во насока на отстранување на стереотипите од минатото што создаваат нетрпеливост меѓу општествата. -Сето ова, за да се користи историјата како мост, а не како ѕид, посочува тој.
Повеќе од 37.000 граѓани пријавиле дека се заинтересирани за вакцинација, се очекува испорака на вакцини. Османи потсети и дека земјава уплати 800.000 дози вакцини во рамките на КОВАКС механизмот, и има, исто така, директен договор со „Фајзер“ за 800.000 дополнителни дози.
Бектеши: Годинава ќе имаме раст на економијата. Годинава ќе имаме раст на економијата, а во таа насока одат и бројките од четвртиот квартал од 2020 година кога речиси во сите приходни ставки во државата имавме зголемување во споредба со 2019 година, а се намали директната поддршка што ја дадовме кон компаниите за финансиска поддршка на платите.
Две години од кобната сообраќајка кај Ласкарци во која загинаа 16 граѓани.
Избрани членовите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, ќе добијат ли граѓаните вистински заштитник на нивните права. Собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата избра седум од пријавените 44 кандидати, по што тие беа изгласани на пленарна седница.
Маричиќ не го забранува, туку го штити АСНОМ. Тој не ставил потпис врз одобрение за регистрација на граѓанско здружение со име „АСНОМ“ бидејќи во тоа не го означува македонскиот историски настан, туку е кратенка од комплетно друго име. За да биде појасно, до Министерството за правда пристигнало барање за регистрација на Здружението „Здружение на граѓани: Асоцијативно собрание на народна обнова на Македонија – АСНОМ, Скопје“ или скратено „АСНОМ“.
СДСМ: Мицкоски и Милошоски цела недела молчат за скандалот „кражба“. Антонијо Милошоски за овој скандал и срамен однос кон граѓаните и државата треба да поднесе оставка и да се извини.
Заев: Младите гледаат дека се залагаме и се приклучуваат кон нашето социјалдемократско семејство. Последните податоци покажуваат дека над 50.000 членови го имаат ажурирано своето членство. Тоа ја покажува сплотеноста на СДСМ и желбата, заедно да се подобруваме“, нагласил Заев.
Стамов: Во статутот нема никаква пречка за одржување, и самиот Мицкоски беше избран на вонреден конгрес. Не може да го држите членството во неизвесност со изборни порази и да очекувате поддршка. Демократски и фер е тој самиот да биде самокритичен, да ја погледне вистината какава што е. Ќе му се заблагодариме што ја водел партијата во исклучително тежок период и ќе избереме нов лидер, вели Стамов.