ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Мицкоски да даде отчет пред тие што го избраа, и тој стана лидер на Вонреден конгрес, вели Стамов, Маричиќ не го забранува, туку го штити АСНОМ…

February 13, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија ќе продолжи засилено со реформи до усвојување на преговарачката рамка, да се врати рационалност во комуникацијата со Софија. Османи за „Ла либр“ вели дека со Софија можеме да дебатираме за историјата, не од перспектива на ревидирање на идентитетите, туку од аспект на едукативна перспектива во насока на отстранување на стереотипите од минатото што создаваат нетрпеливост меѓу општествата. -Сето ова, за да се користи историјата како мост, а не како ѕид, посочува тој.

Повеќе од 37.000 граѓани пријавиле дека се заинтересирани за вакцинација, се очекува испорака на вакцини. Османи потсети и дека земјава уплати 800.000 дози вакцини во рамките на КОВАКС механизмот, и има, исто така, директен договор со „Фајзер“ за 800.000 дополнителни дози.

Бектеши: Годинава ќе имаме раст на економијата. Годинава ќе имаме раст на економијата, а во таа насока одат и бројките од четвртиот квартал од 2020 година кога речиси во сите приходни ставки во државата имавме зголемување во споредба со 2019 година, а се намали директната поддршка што ја дадовме кон компаниите за финансиска поддршка на платите.

Две години од кобната сообраќајка кај Ласкарци во која загинаа 16 граѓани.

Избрани членовите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, ќе добијат ли граѓаните вистински заштитник на нивните права.  Собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата избра седум од пријавените 44 кандидати, по што тие беа изгласани на пленарна седница.

Маричиќ не го забранува, туку го штити АСНОМ. Тој не ставил потпис врз одобрение за регистрација на граѓанско здружение со име „АСНОМ“ бидејќи во тоа не го означува македонскиот историски настан, туку е кратенка од комплетно друго име. За да биде појасно, до Министерството за правда пристигнало барање за регистрација на Здружението „Здружение на граѓани: Асоцијативно собрание на народна обнова на Македонија – АСНОМ, Скопје“ или скратено „АСНОМ“.

СДСМ: Мицкоски и Милошоски цела недела молчат за скандалот „кражба“. Антонијо Милошоски за овој скандал и срамен однос кон граѓаните и државата треба да поднесе оставка и да се извини.

Заев: Младите гледаат дека се залагаме и се приклучуваат кон нашето социјалдемократско семејство. Последните податоци покажуваат дека над 50.000 членови го имаат ажурирано своето членство. Тоа ја покажува сплотеноста на СДСМ и желбата, заедно да се подобруваме“, нагласил Заев.

Стамов: Во статутот нема никаква пречка за одржување, и самиот Мицкоски беше избран на вонреден конгрес. Не може да го држите членството во неизвесност со изборни порази и да очекувате поддршка. Демократски и фер е тој самиот да биде самокритичен, да ја погледне вистината какава што е. Ќе му се заблагодариме што ја водел партијата во исклучително тежок период и ќе избереме нов лидер, вели Стамов.

До крајот на денот снежна покривка насекаде. Најстудено изутрина е во Маврово, каде се измерени -13 степени, по што следат Крушево со – 11, Берово -10, Во Крива Паланка -9, во Прилеп – 7.

Изборен молк во Косово. Косовските граѓани со право на глас ќе можат утре (недела, 14 февруари) да гласаат на вонредните парламентарни избори, додека изборниот молк за политичките субјекти кои се натпреваруваат на овие избори започна синоќа на полноќ и ќе трае до затворањето на гласачките места, утре во 19 часот.

Снежно невреме во Москва, 60.000 комуналци го чистат градот.

И. Т. З.
Next Post

РСБСП: „Заљуби се во безбедното возење, уживај во убавините на животот!“

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk