ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Катастарот лани впишал 15.852 легализирани објекти, нова евиденција и за државниот имот

February 15, 2021 07:41
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) лани биле успешно завршени 15 852 барања за легализација. Од стартот на процесот за легализација досега вкупно се впишани 264.488 легализирани објекти, информираат за МИА од Агенцијата за катастар на недвижности.

Со актуелниот Закон за легализација можеа да се легализираат дивоградби изградени до март 2011 година, а во роковите што се продолжуваа во два наврати беа поднесени 430 илјади барања за легализација. Во собраниска процедура веќе подолго време е Предлог закон со кој се предвидува нов рок за легализација на дивоградби за периодот од март 2011 до октомври минатата година, односно дивоградбите што не беа опфатени со актуелниот закон. Исклучок од можноста за легализација беа дивоизградените згради, надградбите на зградите, проширените тераси, како и дивоградбите во заштитеното подрачје на Охридскиот регион. За легализација требаше да се платат комуналиите плус казна од 50 проценти од износот за комуналии. Од ресорното Министерство најавенија промени на предложениот закон за легализација на дивоградби низ разговори со пратеничките групи и сите заинтересирани страни.

Во Катастарот во 2020 година вкупно биле примени 944.377 предмети,  решени 944.318, а пренесени од претходната година 1.608 предмети. Вкупната бројка на останати предмети за постапување, како што велат за МИА, изнесува 1.667, од кои 1001 во Центарот за катастар на недвижности Скопје, а останатите 666 во 29-те катастарски одделенија низ државата.

Евиденција на државниот имот врз основа на единствен идентификациски број

Од Агенцијата за катастар на недвижности велат дека покрај тековните активности годинава, планираат воведување повеќе новини со кои, меѓу останатото, ќе се овозможи јасна слика на целокупниот имот во сопственост на државата, но и мобилна апликација за сопствениците на недвижен имот.

-Поаѓајќи од стратешките приоритети на Владата за модерна и ефикасна јавна администрација базирана на дигитализација која обезбедува квалитетни и брзи услуги за граѓаните и деловните субјекти, АКН и во иднина ќе продолжи со имплементација на проекти и активности кои се во насока на зголемување на транспарентноста и зголемена употреба на геопросторните информации од страна на државните органи  и локалната самоуправа, појаснуваат од АКН.

Од Катастарот истакнуваат дека со воведување на оваа евиденција ќе се добие јасна слика на целокупниот имот кој е во сопственост на државата, како и информација за неговото користење од страна на државните органи и правните лица основани од државата.

-Со оваа новина се остварува и сегментот од Националната стратегија за спречување на корупцијата и  судирот на интереси 2021-2025, во која се вели дека е потребно ажурирање на евиденцијата за недвижниот имот во државна сопственост, како и недвижниот имот во државна сопственост што го користат државните органи и правните лица основани од државата со примена на Единствениот идентификационен број (ЕИБ) за државните органи, обезбедување на транспарентност со опција за отворено пребарување на имотот во државна сопственост на дистрибутивниот портал, посочуваат од Катастарот.

Исто така, во 2021 година, АКН планира имплементација на веб и мобилна апликација „МОЈ ИМОТ“.

Намената на тој тип софтвер е сопствениците на недвижен имот во секое време да имаат увид во својата недвижност и правните процеси поврзани со неа, како и останати правни процеси кои можат да влијаат на нивната сопственост.

Планираат да го модернизираат системот на електронскиот катастар како и да воведат нови функционалности за забрзување на неговите работни процеси. Ќе се прави и промена во концептот на користење на апликацијата од страна на надворешните корисници за полесно користење на услугите на АКН. / МИА/.

Next Post

Сообраќајот на патиштата отежнат, забрани на неколку патни правци

Shortcut

Најново

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026
Конц-логор Омарска, 1992, БиХ.

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk