ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Сојузот на средношколци има три услови за целосно прифаќање на компромисното решение

February 15, 2021 10:48
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Сојузот на средношколците ја прифати опцијата да полагаат два екстерни и два интерни испити од државната матура, односно третиот екстерен испит да биде интерен, но за решението да биде целосно прифатено постави три услови. Бара да се формира работна група во која покрај нивни претставници, ќе има од Државниот испитен центар, наставници во средното образование и со неа да претседава претставник од Кабинетот на премиерот.

Работната група треба да одлучува за скратените наставни програми кои ќе се однесуваат на екстерните испити (мајчин јазик, странски јазик, математика) и за тоа кои содржини нема да бидат вклучени во испитите. Таа треба да ја заврши својата работа во средината на март, а директорот на ДИЦ ќе треба да ги спроведе нејзините препораки. Со ова ќе биде задоволено нивното барање  за скратени наставни програми.

Вториот услов на Средношколскиот сојуз е наставниците да ги споделат со матурантите испитните материјали за интерните испити, а образовните власти да се осигураат дека наставниците ќе ги споделат испитните материјали за интерните испити со своите ученици најмалку три недели пред денот на испитот.

-Испитните материјали се однесуваат на форматот на испитот, конректни содржини покриени од истиот, како и банки на прашања за испитот. Овој чекор ќе им овозможи на матурантите соодветно да се подготват за нивните испити, наведува Сојузот.

Третото барање е промена на коефициентот за добивање на поените за несоодветен екстерен испит. Сегашниот модел подразбира дека доколку екстерен испит е несоодветен за уписот на факултет, тој испит може да носи најмногу пет поени. Менувањето на коефициентите кај интерните испити, како што посочи Сојузот,  значи дека несоодветен интерен испит би носел повеќе од несоодветен екстерен испит (шест поени во споредба со пет).

-Поради ова, бараме коефициентот за несоодветниот екстерен испит да се промени во 0,7. Ова значи дека несоодветен екстерен испит би носел седум поени, посочи Средношколскиот сојуз.

Од Сојузот додаваат дека со овие три услови покажуваат дека и покрај компромисот продолжуваат да се борат за да биде слушнат гласот на средношколците и дека властите мора да признаат, како што наведува,  дека оваа учебна година не е како секоја друга и дека државната матура мора да претрпи измени.

-Иако постигнавме заедничко решение, нашата борба ќе продолжи сè додека не го имплементираме целосното решение, како и нашите услови за негово прифаќање, велат од Сојузот на средношколци. 

 

/МИА/
Next Post

„Самоопределување“ на Курти со освоени 48 отсто од гласовите победник на изборите во Косово

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk