ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

ИЈЗ: Зголемен бројот на нови случаи со Ковид-19, намален бројот на починати и на оздравени, детектирани поголем број нови варијанти на вирусот

February 16, 2021 14:13
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, во периодот од 8 до 14 февруари се тестирани вкупно 16.299 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 13,2 отсто во однос на минатата недела, соопшти Министерството за здравство.

Регистрирани сe 2.232 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со зголемување од 5,3 отсто, во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=953; 42,7 отсто), со неделна инциденца од 154,3/100.000. Највисока неделна инциденца од 425,2/100.000 е регистрирана во Кавадарци.

Процентот на позитивност се движи од 6,8 до 16,6 отсто, просечно 12,9 отсто. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (n=583, 26,1 отсто). Голем број заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30 до 39 години (n=416; 18,6 отсто), од 40 до 49 години (n=408; 18,3 отсто), од 50 до 59 години (n=379; 17 отсто) и од 20 до 29 години (n=276; 12,4 отсто). Најмал број е регистриран кај децата на возраст до девет години (n=53; 2,4 отсто) и од 10 до 19 години (n=117; 5,2 отсто).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 2.519 лица, кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 24,2 отсто помалку во споредба со минатата недела.

Пријавени се 43 смртни случаи од 14 градови, што е за 34,8 отсто помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 38 лицa биле над 60 години, четири лица на возраст од 50 до 59 години и едно лице на возраст од 40 до 49 години.

Согласно анализите од МАНУ, во последниот период се детектирани поголем број нови варијанти на вирусот, кои претходно не беа присутни кај пациентите во нашата држава, што може да укажува на внес на нови случаи на Ковид-19 од странство.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 8 до 14 февруари, како и кумулативната состојба се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/ , стои во соопштението.

 

/МИА/
Next Post

Кузевски: Сите попишувачи ќе се обучуваат за заштита на личните податоци на граѓаните

Shortcut

Најново

Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk