ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Царовска: Атрактивно стручно образование за подобра иднина на младите

February 18, 2021 18:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Средното стручно образование мора да го направиме да биде поатрактивно, интересно и да го привлекува поголемиот број на ученици од една генерација која завршува деветолетка, да одбираат стручни училишта. Затоа што, овој тип на образование нуди поголема веројатност за вработување на соодветно работно место по добивањето на дипломата и солиден личен приход.

Едноставно, стручноста и занаетот им гарантираат сигурна иднина на младите. Ова беше истакнато на денешната средба во Битола за идентификување на новите профили во стручните училиштана на која присуствуваа министерката за образование и наука Мила Царовска, локалните компании, претставници од стопанските комори,средните стручни училишта и битолската градоначалничка Наташа Петровска и Марјанче Стојановски, градоначалник на Демир Хисар.

„Преку овој дијалог што се одвива овој месец под мотото – „Учи паметно, работи стручно“, имаме идеја како Министерство за образование и наука да поттикнеме доверба и дијалог помеѓу училиштата и реалниот сектор, заради тоа што на тој начин тие воспоставуваат заеднички систем на образование и подготовка на идните кадри кои треба да бидат вработени во компаниите, но исто така и со навика за работа и следење на културата и динамиката на работа во компаниите. Заради тоа што, навистина е значајно да преку образовниот систем во училиштата тие добијат знаења, но исто така треба во компаниите да се навикнат на работниот процес“, рече Царовска.

Министерката додаде дека во дуалното образование коешто постои во нашата држава во најголем дел се вклучени компании кои се странски инвестиции, но се повеќе се охрабруваат и домашни македонски компании, што особено радува.

„На овие средби ги поттикнуваме и помалите компании оние коишто имаат по неколку вработени да може да вклучат по еден двајца ученици и со помош на стопанската комора да оспособат ментори во компаниите и да се вклучат во отворање на дуални паралелки, или оние паралелки коишто во четвртата година од образовниот процес имаат се поинтензивно учество во работниот процес. На тој начин компаниите добиваат можност да поподготвен кадар стигнува на нивните работни места, а да не трошат време и енергија една година од вработувањето да го оспособат работникот за да стане продуктивен. На овој начин обезбедуваме квалитетно образование, но исто така подготвуваме кадар којшто потоа ќе биде лесно вработлив“, рече Царовска.

Двајцата градоначалници на средбата изразија задоволство од социјалниот дијалог што се води на локално ниво за една ваква значајна тема и истакнаа дека целосно ќе се вклучат во воспоставувањето на соработката помеѓу компаниите и стручните училишта во нивните општини. Целиот овој процес е поддржан и е во соработка со Амбасадата на Швајцарија во Република Северна Македонија.

Next Post

Османи во Белград на средби со Брнабиќ и Дачиќ

Shortcut

Најново

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk