ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Европерспективата заедничка определба на Скопје и Белград

February 18, 2021 15:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија и Србија бележат нагорен тренд во севкупните односи, како и заемна подготвеност тие да бидат збогатени со нови содржини, со цел подобрување на комуникацијата и соработката меѓу двете земји, а во интерес на градењето на добросоедските односи и регионалната соработка, констатирале денеска во Белград министерот за надворешни работи Бујар Османи и неговиот домаќин, шефот на српската дипломатија Никола Селаковиќ.

Двајцата министри изразиле задоволство од одржувањето на оваа прва посета на Белград, со што е потврдена решителноста за интензивирање на политичкиот дијалог меѓу двете држави.

-Една од главните точки на мојата посета е заедно со мојот колега да го вратиме интензитетот на политичкиот дијалог меѓу двете земји на нивото пред пандемијата КОВИД19. Го пренесов нашиот интерес, но и очекување, за скора реализација на Третата заедничка седница на двете Влади, како најдобар начин да се конкретизираат замислите и да се реализираат иницијативите кои ќе бидат во интерес на двете држави и граѓаните на двете земји, истакна Османи, посочувајќи на заеднички проекти во економијата, енергетиката и инфраструктурното поврзување итн., чија реализација е во насока директен интерес на граѓаните.

На средбата се разговарало и за очекувањата во однос на европските интеграции на двете земји, посебно за време на португалското претседавање со Советот на Европската унија.

–Европската перспектива е наша заедничка определба. Република Србија веќе долго време како преговарач со ЕУ, а Република Северна Македонија уште подолго како земја – кандидат. Не смееме да дозволиме да биде срушен кредибилитетот на процесот на проширување, кој поради честите застои, постојаните одложувања и очигледната непредвидливост е под сериозна закана. Европската перспектива претставува најсилната политичка алатка за трансформација на нашите општества и ако сакаме безбеден, стабилен и европски Балкан, мора да го зачуваме и кредибилитетот на европските перспективи, посочи Османи.

Министерот Селаковиќ се согласи дека односите на двете земји се добри, пријателски и дoбрoсeдeски и укажуваат на подготвеноста на двете држави за решавање на сите отворени прашања преку дијалог.

– Односите се темелат на пет принципи: спермност на двете држави отворените прашања да се решаваат преку дијалог, унапредување на пријателските односи на народите и граѓаните на двете земји, унапредување на економската и трговската соработка, меѓусебна поддршка на европскиот пат и јакнење на добрососедски односи кои придонесуваат на стабилноста не само на нашите две земји туку и на целиот регион, рече Селаковиќ.

Двајцата констатирале дека регионалната соработка  и градењето на добросоедски односи е несомено определба нивна лична и на двете министерства. На средбата станало збор и за отворањето на граничниот премин Лојане – Миратовац, за „мини Шенген“ иницијативата и за унапредување на меѓусебната положба на малцинствата во двете земји.

Во однос на актуелните регионални предизвици, министерот Османи го пренесе принципиелниот став за поддршка на дијалогот Белград и Приштина, посочувајќи дека како блиски соседи, имаме директен интерес и гледаме со наклонетост на успехот на овој процес.

Османи во рамки на посетата на Белгард денеска имаше средба и со претседателот на Србија Александар Вучиќ./МИА/

Next Post
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Денеска се регистрирани 373 нови случаи на Ковид 19, оздравени се 309 пациенти – починати се 8 лицa

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk