ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Во регионот имаме вкрстени истории, интереси и иднина и треба да соработуваме

February 18, 2021 12:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сите ние во регионот имаме вкрстени истории, интереси и иднина и наш став е дека треба да соработуваме во процесот на европската интеграција и паралелно да ги решаваме отворените прашања, без едното да го условува другото, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за белградска „Политика“, дадено во пресрет на неговата денешна работна посета на Србија.

Говорејќи за односите со Софија и за бугарската блокада на европскиот пат на земјава, Османи посочува дека Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија воведе нова динамика во односите, засилен политички дијалог, зголемување на трговијата и проширување на соработката во многу области, како културата, образованието, европската интеграција, одбраната, локалната самоуправа, внатрешните работи.

– Покрај тоа, формиравме заедничка експертска комисија за историски прашања, што треба на паритетна основа да ги разгледува контроверзните прашања од историјата и врз основа на фактите да носи заклучоци. Но, она што е најважно е дека договорот ги одделува историските прашања од политиката, а политиката од историјата. Имено, договорот предвидува експерти од историјата да решаваат историски прашања, но и дека паралелно ќе продолжиме да ја зајакнуваме политичката и економската соработка, додава Османи.

Тој нагласува дека и покрај тоа што односите на земјава со Бугарија во моментов се оптоварени „со разлики што имаат историски контекст“, сепак верува дека тие може да се надминат.

– Спроведувањето одговорна политика и преземањето зрели чекори за иднината на државата не е лесно, а најчесто не е ни популарно. Но, веруваме дека нашите граѓани ги препознаваат нашите напори и чесни намери и дека идните генерации ќе ни бидат благодарни, потенцира Османи.

Во однос на заложбите на некои кругови во Приштина за обединување на Албанија и Косово, Османи потенцира дела прашањето за прекројување на границите на Балканот и во Европа е надминато, а членството во ЕУ ја неутрализира потребата за промена на границите и создавање „големи држави“.

– Регионот конечно треба да стане генератор на сигурност и развој. Тоа треба да бидат наши главни аргументи во трката во светот на глобализацијата, во која нема време за чекање, истакнува шефот на македонската дипломатија, додавајќи дека земјава го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина и за неа е прифатливо секое решение што ќе произлезе од преговорите и кое нема да има штетни последици по регионот во однос на безбедноста.

Османи во интервјуто говори и за проблемот со пандемијата со Ковид-19, при што нагласува дека донацијата од Србија на вакцини за Северна Македонија претставува начин за зајакнување на пријателството меѓу двете земји и одличен пример за односите во регионот.

– Овој чин го зајакнува пријателството меѓу нашите земји и носи позитивна енергија во регионот. Пандемијата е глобален проблем, а глобалните проблеми бараат глобални решенија. Затоа, нашата позиција е дека е потребен мултилатерален пристап во кој ќе доминираат соработката и заедништво. Соработката помеѓу Северна Македонија и Србија влева надеж дека со ваква симболика ќе ги охрабриме сите во регионот да мислат и на другите, додава Османи во интервјуто за „Политика“. /МИА/

Next Post

Средба на Груби, Царовска и Адеми за концептот на реформи во образованието и за Законот за учебници

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk