Имињата на трагично загинатите, силно вљубени Бошко Бркиќ Адмира Исмиќ се наоѓаат на предлог листата за имиња на улици, мостови, плоштади и други објект.
Младиот лудо вљубен пар, чијашто „незамислива“ љубов руши табуа и предрасуди, во обид да избега од злото и лудилото кое ѝ се случува на нивната земја, биле убиени на мостот Врањ. Пред речиси 28 години, на 18 мај 1993 младиот пар од Сараево, Бошко Бркиќ (Србин) и Адмира Исмиќ (Бошњачка), бил ликвидиран со снајпер, заедно еден до друг, прегрнати, при обидот да го напуштат опколениот град.
Млади и вљубени, иако од различна вера и националност, во време кога тоа било речиси невозможно и незамислово, тајно подготвувале венчавка и бегство од неподносливата реалност.
Тој кобен мајски ден во попладневните часови, во надеж дека ќе избегаат од Сараево убиени се со снајпер и прегрнати останале да лежат со денови на сараевскиот асфалт, бидејќи никој не се осмелувал да ги помести од таму.
Фотографиите од мртвите тела на Бошко и Адмира од Сараево, се појавија насекаде низ светот.
Седум дена по нивната смрт, српската војска ги извлекла телата и ги погребала во Лукавац, а по завршувањето на војната, по барање на родителите на Адмира, нивните посмртни останки биле префрлени на гробиштата Лав во Сараево и заедно се погребани.
За нив се пишувани многу песни, вести и приказни. Сараевската група „Забрањено пушење“ ја сними песната со наслов „Бошко и Адмира“ во нивен спомен, а за нивната љубов снимен е документарен филм.
И. Т. З.