ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Немало предупредување од странски дипломат за личните карти,Шилегов: Очекувам поддршка од СДСМ за нов мандат, ВМРО ДПМНЕ ќе биде поразена, Северна Македонија го презема претседавањето со ЦЕФТА

February 19, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

За впишувањето на националноста во личните карти, што е предлог доставен во Собранието од Беса,  нема никакво предупредување заради тоа што се работи за идентитетски прашања, изјави  премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарско прашање дали имало предупредување од странски дипломат.

Пендаровски не се согласува етничката припадност да биде во личните карти зашто вели тоа го нема во ниту една демократија во светот, премиерот Зоран Заев смета дека е логично понекогаш да имаат различни ставови со претседателот за некои прашања иако веруваат во исти вредности.

„Конечната одлука за кандидати останува на органите на партијата, јас ке ја најавам мојата кандидатура во СДСМ. Очекувам поддршка од партијата, И тие, како и граѓаните знаат колку е направено за градот.“- изјави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, најавувајќи дека е подготвен за нов мандат.

Република Северна Македонија годинава ќе претседава со Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА). Денеска амбасадорот на Европската Унија Дејвид Гир и министерот за економија Крешник Бектеши, ќе ги презентираат приоритетите за 2021 година за ЦЕФТА под претседателство на земјава.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и помошникот генерален секретар на НАТО Дејвид ван Вел, како претседател на Одборот за управување со сајбер одбраната во НАТО, потпишаа Меморандум за разбирање и соработка на полето на сајбер одбраната меѓу Северна Македонија и НАТО.

Владата на денешната 46-та седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за склучување на Анекс на Договорот за преземени обврски од 19.11.2020 година, склучен помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ) (GAVI ALLIANCE), за набавка на одобрена вакцина за КОВИД-19 преку COVAX механизмот.

Наместо три екстерни и еден интерен, средношколците во завршна година ќе полагаат два екстерни и два интерни испита и проектна задача на државната матура, а согласно со постигнатиот договор со Владата.

Вакцинацијата во земјава се одвива веќе два дена. Се вакцинира првата група, здравствените работници, со вакцините од Фајзер, а 70 отсто од здравствените работници изразиле интерес. Интерес за вакцинација има и кај возрасната група граѓани.

 

М. М.
Next Post

Шилегов: Ниту една улица во Скопје во моментот не е преименувана, во процесот се вклучени сите

Shortcut

Најново

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk