Заев за личните карти: Да најдеме решение што ќе приличи на мултиетничка Северна Македонија. Во тој дел ќе ги слушаме и европските директиви заради тоа што сакаме да бидеме членка на ЕУ. Може да се изнајде решение на определба за да нема каква била дискриминација или каква било пречка, рече Заев.
Гир: ЕУ регулативата која ќе стапи на сила во август, забранува споделување верска и етничка припадност.
Поранешна раководителка за финансии во ФФМ неовластено пристапувала до програмата за сметководствената евиденција. Преку апликацијата TeamViewer, од нејзинот персонален компјутер надвор од просториите на ФФМ и истата вршела измени – прекнижување, докнижување и бришење ставки во сметководствената евиденција на ФФМ…
Д-р Глорија Гашпар за Фронтлајн: Вакцинацијата не треба да е избор, туку обврска на секој граѓанин. Здравствените работници треба да предничат во вакцинацијата и да работат во прилог на подигањето на свеста кај граѓанството. Верувам во науката и имам полна доверба во безбедноста на платформите на кои се правени вакцините.“, вели Гашпар.
Регистрирани 415 нови случаи на Ковид 19, починати се 19 лицa. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 98.584, бројката на оздравени пациенти е 89.022, на починати е 3.037, а бројот на активни случаи изнесува 6.525.
Бектеши: Приоритетна цел на Северна Македонија во претседавањето со ЦЕФТА ќе биде отстранувањето на пречките во трговијата. Бектеши додаде дека примената на ЦЕФТА договорот и активностите предвидени во Акцискиот план на Заедничкиот регионален пазар 2021-2024, ќе бидат основите за нашето претседавање.
Сопствениците на ресторани и музичарите бараат укинување на забраната за работа, најавуваат нови протести. Пет месеци од сопствени средства пуштаме плати за нашите вработени, а државата ни помогна шест месеци. 11 месеци од сопствени средства плаќаме камати на кредити, кирии, комунални трошоци, осигурување, обезбедување и останати режиски трошоци. Бараме да работиме под најригорозни протоколи, изјави Перица Голомеиќ на денешниот протест во Автокоманда.
Бектеши: Не се согласувам со ултиматумите што беа испратени од угостителите, но го поддржувам демократското право на протест.
Бонева: Платените ботови и портали по наредба пишуваат гадости и прават жените политичари да се плашат и да молчат за да не бидат растргнати по директива. Поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, денеска објави дека поднела тужба против сопственикот и уредник на порталот доказм.мк, кој, како што вели, „наместо да ја информира јавноста за постапката што ја водам пред суд, како многупати досега објави текст со неточен, навредлив, омаловажувачки и крајно дегутантен наслов за измислен секс скандал во врска со мене…
Шилегов: Ниту една улица во Скопје во моментот не е преименувана, во процесот се вклучени сите. За премиерот Заев, најважно е Советот како надлежна институција да ги слуша мислењата на граѓаните.
Почина Ѓорѓе Балашевиќ – кантавтор и миленик на публиката. Балашевиќ честопати одржуваше концерти и во Скопје, а напиша и песна за Скопје.