ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Д-р Глорија Гашпар за Фронтлајн: Вакцинацијата не треба да е избор, туку обврска на секој граѓанин

Сметам дека вакцинацијата не треба да е избор, туку обврска на секој граѓанин, во правец на заштита на сопственото здравје, а уште повеќе на здравјето на другите. Здравствените работници треба да предничат во вакцинацијата и да работат во прилог на подигањето на свеста кај граѓанството

February 19, 2021 12:18
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

„Вчера ја примив првата доза. Одлично се чувствувам. Единствено почнува блага болка во рамото на местото на апликацијата.“, вели за ФРОНТЛАЈН Глорија Гашпар лекар на специјализација на неврологија, која во моментов е ангажирана во Ковид центарот на УК за Неврологија, а доаѓа од Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина 13 Ноември Скопје.

Таа нагласува дека здравствените работници треба да се за пример и да предничат во вакцинацијата и  смета дека вакцинирањето против Ковид-19 не треба да е избор, туку обврска на секој граѓанин.

„Сметам дека вакцинацијата не треба да е избор, туку обврска на секој граѓанин, во правец на заштита на сопственото здравје, а уште повеќе на здравјето на другите. Здравствените работници треба да предничат во вакцинацијата и да работат во прилог на подигањето на свеста кај граѓанството. Верувам во науката и имам полна доверба во безбедноста на платформите на кои се правени вакцините.“, вели Гашпар.

Специјализантката на неврологија лично преферирала да ја примам вакцината на Фајзер и апелира сите да се вакцинираат.

„Лично преферирав да ја примам баш Фајзеровата вакцина како иновативна и прецизна со испраќање на информација на мојот имун систем. Втората доза треба да ја примам на единаесети март. Испраќам апел до сите да пристапат кон вакцинација, затоа што вакцините во голема мера придонеле да ја очуваме врстата. Така е овој пат.“, вели д-р Глорија Гашпар за Фронтлајн.

Веќе два дена се одвива вакцинацијата во земјава. Се вакцинира првата група, здравствените работници, со вакцините од Фајзер, донација од Србија. Вакцинацијата се одвива во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, а интерес за вакцинирање изразиле 70 отсто од здравствените работници.

Јане Ѓорѓиоски

 

Next Post

Османи се обрати на Јадранскиот Форум за конективност „Промовирање на поврзаноста во јужната јадранска зона“

Shortcut

Најново

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk