Откако професорот Борче Давитковски за начинот на собирањето на потписи од страна на ВМРО-ДПМНЕ против одржување на претстојниот попис, рече дека станува збор за егзибиционизам кој нема правна потпора и дека ова неформално собирање потписи не значи ништо, Христијан Мицкоски преку Твитер упати непристојни закани кон член на семејството на професорот Давитковски.
„Ви доаѓа крајот па се вознемирувате. Ајде член на твоето семејство ќе остане уште малку да цица од нашите крваво заработени денари. “, напиша покрај другото Мицкоски во врзаниот твит упатен кон професорот Давитковски.
Професорот Борче Давитковски за Телевизија 24, изјави: „Ако сакаа правно да биде издржано, требаше да идат согласно законот, да собираат потписи преку подрачните единици, каде што можеа да соберат 10 илјади потписи за да се покрене законодавна иницијатива. Тоа е едно. Второ, ова мислам дека е повеќе театрално однесување пред локалните избори. Имаат толку многу пратеници така да било кој пратеник или цела пратеничка група можеа да дадат измени за законот за попис.“
Ј. Ѓорѓиоски