Зоран Заев придружен од заменик-претседателот за економски прашања и за координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи во посета на компанија од индустриската дејност, која редовно инвестира во развој и унапредување на технологиите на годишно ниво.
Последната инвестиција на извозно ориентираната компанија, која е во тек се реализира со поддршка на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, произлезен од Планот за економски раст на Владата.