„Вчера се објави осуда од страна на министерот Филипче за случајот кој се појавил во Охрид, се работи за правникот во болницата којшто веројатно заедно со директорот во ковид-центарот во Охрид е постојано во комуникација, но прекршокот е тоа што е надвор од планот за вакцинација. верувам дека ќе се преземат конкретни чекори за да не се повторат такви случаи и да се оди строго по протоколот којшто е јавно објавен од Министерството за здравство.“, одговори премиерот Заев на прашањето за нарушувањето на планот за вакцинација.
Заев истакна дека е важно да се научиме на ред, затоашто неслучајно планот е вака воспоставен. Ако тргне еден да го крши планот, нагласи Заев, тогаш можат да го кршат сите во државата.
„Покрај овие вакцини кои ги добивме од Србија, очекуваме во текот на оваа недела да пристгнат и другите 4860 вакцини, а кон крајот на месецов очекуваме информации и за вакцините што доаѓаат и од Европската Унија, од КОВАКС механизмот, вакцините со директниот договор со Фајзер и вакцините од Кина. Министерот Филипче ме информира дека имаме капацитет согласно планот за предвидување да направиме и дополнителна набавка на 100.000 вакцини, со што би се надополнил севкупниот план, а не би предизвикала да останат вишок вакцини. Дадов насоки тие дополнителни вакцини да се нарачаат од Спутник“, изјави премиерот Заев на денешната прес-конференција од Пробиштип.
Ј. Ѓорѓиоски