ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Доделени 638 стипендии на учениците Роми во учебната 2020/2021

February 23, 2021 12:06
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На учениците Роми запишани во прво и во второ одделение во учебната 2020/2021 година им се доделени вкупно 638 стипендии. Сето тоа во рамките на проектот финансиран од Европската Унија „Редовно часови: Акција за вклучување на Ромите во основното образование“.

Овој проект е имплементиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија,  Здружението „Центар за образовна поддршка Дендо вас“ и Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“.

Како што информираат од Фондацијата Отворено Општество-Македонија, право на стипендија имаа ученици Роми, чии семејства се приматели на социјална помош, која е поврзана со приходите на семејствата.

„Следејќи ги овие критериуми, стипендии се доделија на вкупно 320 ученици од прво одделение. Стипендистите се од 58 основни училишта, од 31 општина. Воедно, во оваа учебна година се доделени 315 стипендии на ученици Роми запишани во второ одделение, и три стипендии за ученички запишани во трето одделение. Тие се од 56 основни училишта од 28 општини, 54 отсто се девојчиња, а 46 отсто се момчиња. На 280 од овие стипендисти им е обновена стипендијата за прво одделение доделена минатата година“, соопштија од Фондацијата.

Додаваат дека преку стипендиите ќе се намали финансискиот трошок на ромските семејства за школувањето на нивните деца. Стипендијата е за период од една учебна година и е во висина од 400 евра годишно. Со овие средства треба да се покријат трошоците за школување, храна, облека, училишен прибор и материјали, спортска и друга опрема за вон-наставни активности. Редовните ученици можат да ја задржат стипендијата за тековната година, a оние кои ќе преминат во следно одделение, потенцијално ќе можат да ја обноват и во наредната учебна година.

„Проектот има за цел да овозможи еднаков пристап до образование за децата Роми и да ги мотивира децата да бидат редовни на часови, но и да им помогнат на училиштата да обезбедат инклузивна средина за учење каде ќе се почитува различноста и каде сите деца ќе се чувствуваат добредојдени и подеднакво стимулирани да успеат“, соопштија од Фондацијата, од каде потсетуваат дека проектот, финансиран од ЕУ, ќе се имплементира до октомври 2022 година. /МЕТА/

Next Post

Преку проектот „Образованието е повеќе од просек 5.0“, стипендии за средношколци со помал просек

Shortcut

Најново

Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

Дерала во Voxeurop: Кога правосудството станува оружје, цената ја плаќа целата држава

August 16, 2026
Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk