ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Институциите покажаа капацитет и дека учат од бегството на Груевски, вели Заев

February 23, 2021 20:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Успешно завршен случај на државата. Без закани, туку со преземени координирани акции и постапки на институциите Сашо Мијалков се пријави сам во обвинителството, ваква оценка даде премиерот Заев за преземените активности за пронаѓање на Мијалков кој е обвинет во предметот „Таргет-Тврдина“ и кој во попладневните часови се јави во обвинителството.

Потврди дека санува збор за бегство на Мијалков, затоа што, како што рече, бегство е кога нема да го најдете на домашната адреса, на телефоните, членовите на семејството не знаат каде е, и тоа е бегство.

-Денеска чукнавме на маса. Институциите покажаа капацитетност. Самите институции не го најдоа Сашо Мијалков, но заради тоа што нападнаа блиски, по имот, по се што има, тој се пријави во обвинителството. Тој е принуден да се пријави и да не продолжува да се крие и да бега, затоа што инсититуциите постапија согласно закон. Ние сме слободна држава каде правата и слободите се загарантирани, на секој, се додека не е осуден со правосилна судска пресуда, истакна премиерот.

Според него, институциите покажаа дека учиме од бегството на Груевски и дека, како што рече, можеме да  да постапиме кога сакаме сите до крај заради тоа што се создава можност системот да блокира криење, бегање или какви било други активности.

Посочи на тоа дека станува збор за различен случај од оној на Груевски, кој, како што рече, имаше помош и од друга дражава која му даде азил.

-Дефинитивно иститот момент на бегството значеше напуштање на државата, што овде не е случај. Учиме од претходното. Беа блокирани сите граници. Во неделата на излез и влез од Скопје имаше комплетни контроли за се. Зелените појаси покрај Куманово и Косово беа блокирани. Тоа е школото на созревање на самиот систем. Дефинитивно покажуваме дека имаме институции спремни, дека тие можат да постапат, кога сите ќе се втурнеме во делокурогот на своите надлежности, тоа што законот го дозволува, без да нарушуваме, никакви слободи и права. Затоа што ако тргнете да притворате, плените, слушате телефони, без судска нареба, тогаш правиме многу поголем зло отколку самото сочувување на потенцијален бегалец или некој што се крие, рече премиерот.

Тој посочи дека истрагата треба да покаже зошто при спроведување на судската наредба Мијалков не е најден дома и оти ќе бара одговорност.

Наведе дека Сашо Мијалков е еден од луѓето кои се гонат по неколку предмети и дека во државата која, како што потенцира, беше режим со огромни украдени пари, успеавме за три години како систем да ги финишираме процесите да дојдат до казни и до изрекување пресуди. Се случуваат пресуди по постапки на СЈО. Проблемот е заради тоа што ни избега Груевски и секако нема да се откажеме се додека можеме да се врати и да одговара. Системот е веќе поспремен и тој реагира, рече Заев.

Тој додаде дека дефинитивно владеење на правото е императиви, а сите тези што се пласираат за некакво договарање се отстранети.

-Владата ја заврши својата работа, бараа оставки, денеска направивме комплетно докажување на сите неаргуметнирани опозициски тврдења и ова го кажувам заради опозицијата за да може да биде јасно утврдена вистината, рече Заев.

Next Post

Во Конгресот на САД распит за пропустите во обезбедувањето пред нападот на 6 јануари

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk