ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Продолжуваме со финансиска поддршка за најпогодените сектори, угостителите беа вклучени во сите економски мерки

February 25, 2021 10:05
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Главната цел на сите економски мерки беше да се зачуваат работните места, особено тие во приватниот сектор, но истовремено да се помогнат компаниите во однос на ликвидноста и верувам дека тоа сме го постигнале. Ова синоќа го изјави министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата „Уметноста на финансиите“ на Телевизија Клан.

„Уверени сме дека мерките за поддршка на различни сектори ќе продолжат и во иднина доколку пандемијата продолжи и во текот на 2021 година.  Уверени сме дека ќе има намалување на невработеноста во Северна Македонија поради тоа што има тенденција на раст на приходите од персонален данок, како и на приходите од ДДВ-то, но и останатите приходи што значи зголемување на економската активност во земјата“, истакна Бектеши.

Министерот ја повика опозицијата да не ги блокира законите кои се во интерес на бизнисот.

„Бизнисите самите можат да одлучат кои мерки ќе ги искористат посебно од Петтиот пакет на економски мерки. Компаниите кои имаат капацитет за да инвестираат во текот на 2021 година може да се одлучат да ја користат мерката за бескаматни кредити кредит со грант компонента, а оние компании што нема да ја имаат таква можност ќе може да ја користат мерката за финансиска поддршка за исплата на плати, кажа Бектеши.

На прашањето во врска со протестите кои се одржуваат последниве денови од сопствениците на објекти во кои се организираат свадби, музичарите и останатите слични дејности, министерот Бектеши изјави дека ги продолжуваат преговорите за изнаоѓање решение кое ќе биде прифатливо за сите страни.

„Важно е да се истакне тоа дека токму клучното барање на тие што протестираат се однесува на измената на протоколите кои ги донесува Комисијата за заразни болести, која е стручна комисија и ние како Влада постојано сме ги почитувале нивните предлози.  Ние ќе ги продолжиме со разговорите, да изнајдеме заедничко решение, но како што кажав и претходно ултиматумите се неприфатливи за Министерството за економија и за Владата.Нивно право е да протестираат но, наша обврска е мерките да ги дизајнираме заеднички со стопанските комори“, подвлече Бектеши.

Тој рече дека токму овој сектор е еден од секторите што е вклучен во речиси сите досегашни економски мерки.

„Не е вистина дека не биле вклучени во рамките на претходните пакети, но истовремено и во Петтиот пакет економски мерки. Ако земеме во предвид дека токму преку Четвртиот пакет мерки рестораните за организирање свадби добија директни грантови, а врз основа на нашит, а грантови добиле 125 угостителски објекти, што значи дека секоја компанија која се занимава со оваа дејност во просек добила грантови во износ од 8 илјади и 200 евра.  Сите угостителски објекти кои на почетокот на пандемијата не беа регистрирани или категоризирани врз основа на Законот за угостителство во рамките на Министерството за економија, а во меѓувреме ја имаа можноста да ги категоризираат нивните објекти и да добијат помош.  Од 16 економски субјекти кои се занимаваат со организирање свадби, успеавме до крајот на годината да имаме околу 125 категоризирани угостителски објекти“, заклучи Бектеши.  .

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk