ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Филипче: Изградбата на Клинички е транспарентен, помина времето на криминални зделки во здравството

February 25, 2021 20:14
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Конечно треба да сфатите дека криминални зделки на тоа што сте учени веќе нема, во нашиот здравствен систем“ – истакна министерот за здравство д-р Венко Филипче, одговарајќи на пратеник од ВМРО ДПМНЕ, кој во Собранието постави пратеничко прашање за изградбата на новиот Клинички центар.

-Клиничкиот центар што вие требаше да го правите беа само обични Интерни клиники и требаше да не чинат 120 милиони евра. Ние ги реновираме за не повеќе од 1 милион евра. Замислете колкава разлика е тоа?! Договор потпишавте со компанија која после неколку месеци отиде во стечај, замислете каков договор направила претходната Влада за таканаречениот нов Клинички центар? Нормално е дека го преќинавме договорот. Зошто? Поради тоа што се направи соодветна ревизија на физибилити студијата која беше напарвена токму од претходната Влада пред повеќе години, која јасно укажува дека гринфилд инвестиција е многу подобро од браундфилд инвестиција за Клинички центар. Во тој проект влезе и се приклучи австриската Влада лично преку канцеларот Куртц и како донација ја ревидираа таа физибилити студија и стигнавме до еден современ и модерен проект на Клинички центар како што заслужуваат нашите граѓани, нешто што ќе служи во следните децении за да пружи интегриран модел на здравствена услуга – рече Филипче.

Министерот посочи дека е направена физибилити студија со предлог проект, а две најреномирани европски комапнии аплицираа и се квалификуваа во втората фаза на конкурентниот дијалог – германската „Вамед”  и француската „Буиг констракшн”. Едната компанија со одлична експертиза во делот на физичката градба и другата компанија во делот на опремувањето и ставањето во функција на новиот Клинички центар. Филипче истакна дека граѓаните заслужуваат модерен и современ клинички центар и уште еднаш ја повика опозицијата заедно да го сработат овој проект, односно да го поддржат законот.

– Во самиот закон ставивме дека ќе има независен финансиски ревизор заради тоа што сакаме со тој закон да дозволиме девете компании да дадат една понуда да не ги изгубиме врвните европски компании да ни го пружат своето искуство и можности да направиме конечно Клинички центар како што нашите граѓани заслужуваат. Ве повикувам да бидете дел од тој процес, да бидете дел од процесот којшто го мониторира и го прати изведувањето на проектот. Еднаш да покажеме дека нема разлика помеѓу власта и опозицијата кога станува збор за еден таков важен и битен проект – рече Филипче.

Министерот потенцираше дека целиот процес е јавен и транспарентен, укажувајќи дека помина времето кога големи иновативни компании си одеа од нашата земја.

-Во ваше време заминаа Астра Зенека, којашто сега замислете прозиведува вакцина, замина Глаксо поради криминалниот увоз на паралелни лекови кога којзнае што носевте и ги труевте граѓаните на Република Северна Македонија – рече Филипче

Next Post

Во Тирана убиен познат наркобос и сопственик на многу бизниси во Албанија и Швајцарија

НАЈНОВО

Јужна Африка 12 часа држеше 150 Палестинци во авион

November 14, 2025

ЕК за оценките за „ново мнозинство“ во ЕП: Секогаш ќе бидеме подготвени за соработка со проевропските и продемократските сили

November 14, 2025

Клековски: Дијабетичарите се третираат со трета генерација инсулин, Владата работи на разрешување на дефицитот на сензори

November 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 14 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сали на чекор до „Илинденска“, реконструкцијата на Владата пред или по Нова година?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Ни прават булинг да го смениме Уставот – денес сме таму каде што бевме пред 25 години на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk