Владата вчера ме овласти да го потпишам договорот за набавка на вакцини од Русија. Станува збор за количина од 100 илјади дози, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Локалните избори во Северна Македонија треба да се одржат на 3-ти, 10-ти или 17-ти октомври, соопшти денеска на средба со новинарите претседателот на Собранието Талат Џафери.
Од вкупно 227 предвидени активности од Стратегијата за реформи во правосудтсвото, 114 се реализирани во целост, а 35 во тек. Извештајот на Стратегијата за реформи во правосудтсвото укажува дека имаме солидни резултати, вели Маричиќ.
Нашата заемна грижа и поддршка продолжува и понатаму како традиционално пријателски народи и добри соседи посветени на нашите заеднички светли перспективи, за кои имаме многу блиски допирни точки, напиша премиерот Зоран Заев на својот профил на Фејсбук, по втората пратка со вакцини за ковид-19 кои за земјава ги донираше Србија.
Стоп за партиските блокади на Мицкоски. Ги повикуваме сите граѓани, сите заедници, сите партии и секој заинтересиран за подобра македонска иднина, сите да се вклучат во споделување на повикот за попишувачи објавен од Државниот завод за статистика, апелираат од СДСМ.
Од Владата, најавија дека за помалку од една недела започнува првата фаза од попишувањето. Пописот ќе се спроведе во периодот од 1 до 21 април годинава, а критичниот момент за оваа статистичка операција ќе биде на полноќ меѓу 31 март и 1 април.
Забележан е раст на новзаразени, но не се загрозени болничките капацитети ниту во Охрид, Прилеп или Кавадарци, изјави утрово министерот за здравство Венко Филипче, додавајќи дека во 70% од случаите се работи за британскиот сој на вирусот.
Министерот за надворешни работи Османи е во Софија на средба со Захариева. Бугарија ја подржува евроинтеграцијата на земјава со исполнување на соодветни услови.
Првиот случај на коронавирус во нашата земја беше потврден на 26 февруари 2020 година или пред една година. Првата македонска државјанка која беше потврден случај е родена 1970 година и според податоците на здравствените власти, се вратила заразена со вирусот од Италија. М. М.





