Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945, составена од претседателот на Главниот одбор на сојузот, Никола Стојановски и потпретседателот Борко Зафировски.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, делегацијата од Сојузот на борци од НОАВМ го информираше Пендаровски за актуелните случувања во нивната работа.
Претставниците на Сојузот на борци од НОАВМ, образложувајќи ја моменталната состојба во организацијата, го информираа претседателот Пендаровски за предизвиците во финансиското работење, што претставува проблем за нивно основно функционирање./МИА/