ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

На добар пат сме во јакнењето на правниот систем, вели Заев

February 25, 2021 16:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните треба да знаат дека сме на добар пат во јакнење на правниот систем на нашата земја, владеењето на правото, во истакнувањето на вредноста на секој судија и обивнител, што суди исклучиво по Устав, закон и сопствено убедување и никако поинаку. Го јакнеме менталниот склоп комплетно на целото општество и со нашите дебати овде дека никој не му должи никому ништо за да мора да му учини или слично. Очекувам ефикасност, поголема организација и во обвинителството и во судството,зголемена транспарентност, посебно за предметите каде јавноста е заинтересирана. Денеска најголем контролор над севкупното работење е нашиот народ, рече денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на прашањето од пратеникот Миле Талески до каде се реформите во правосудниот систем.

Од парламентарната говорница премиерот Заев нагласи дека обвинителите и судиите не му должат никому ништо, ниту треба да учинат или да направат за некој нешто, треба да го исполнат тоа што граѓаните кои ги плаќаат очекуваат од нив, а тоа е, потенцира, да ја зголемат ефикасноста во својата работа, транспарентноста, да биде делењето на правдата еднакво за сите, од секој можен аспект, за да можеме да доживееме реформирано судство како трајна основа за сите други придобивки што народот ги очекува

–   Конечна цел што сакаме да постигнеме е создавање услови за целосно манифестирање на интегритетот на судиите, а  потребна е нивна целосна самостојност, независност, како и на сите други институции од правосудниот систем, потенцира премиерот Зоран Заев, додавајќи дека без владеење на правото без правен систем во кој веруваме тешко дека успешно ќе ги спроведеме сите други реформи, барем онака како што ги посакуваме.

Од досегашните реформи, посочи Заев, резултат е последниот случај со Сашо Мијалков.

–  Треба да знаат нашите граѓани дека во држава, која 11 години беше окупирана држава со индиции за украдени стотици и стотици милиони евра, не е лесно во ваков систем на земја во развој со тенденција да стане полноправна членка на ЕУ и следниот чекор да биде отворање на поглавјата за преговори со ЕУ, во систем во кој последиците од 11 годишен режим оставиле свои траги и допираат до луѓето. Да дочекаме да имаме завршница на вакви крупни случаи што се симбол на борбата против криминалот и корупцијата. Среќен сум што македонското правосудство и обвинителство и за судство, кои ги донесоа предметите на својата завршница, еден дел се веќе завршени со правосилни судски пресуди, еден ден се пресудени на прв степен, еден дел се пред соопштување на пресуда, како што е еден од најважнните случаи Таргет тврдина. Закажана е за утре соопштување на пресудата и веројатно тоа беше причината зошто еден од обвинетите во тој случај Сашо Мијалков се пушти во бегство, изјави Заев.

Според  премиерот Заев, целиот овој амбиент, како што рече, ја испрати пораката вчера дека може системот да биде ставен во функција, почитувајќи ги сите донесени закони, секој да ја одработи својата работа за да не му се исплати некој да бега од одговорноста, да ја напупшта државата или да се крие.

–  Затоа Мијалков се предаде, заради тоа што нема начин како да се исплати или реализира самото бегство. Уште еднаш тврдам дека во мала земја како нас, посебно за некој што бил директор на УБК долги години, не е тешко да слушне дека некој побарал притвор, за да може да се крие 40 часа. Четириесет часа може и некој ситен џепарош, криминалец да се скрие, ама тој ќе биде пронајден ако системот функционира, рече меѓу другото премиерот Заев./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Вимблдон ФБ

(ВИДЕО) Ново полуфинале за Алкараз на Вимблдон

July 8, 2025

Кос: Владата во Скопје има историска можност и одговорност да направи решавачки чекор кон ЕУ со спроведување на уставните измени

July 8, 2025

Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

July 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Голема брзина причина за несреќата во која загинаа Жота и неговиот брат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што содржи Предлог-извештајот на Вајц за земјава за кој денеска ќе дебатираат членовите на ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силјановска Давкова за извештајот на ЕП: Не сум шокирана, во ЕП седат и претставници на партии што се против самата ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град без визија: Зошто Скопје не смее да падне во рацете на лажен ПР

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk