ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО) Премиерот Заев објави нови инвестиции и отворање нови работни места

February 25, 2021 17:31
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев, објави нови инвестиции во државава, на седницата за пратенички прашања во Парламентот.
„Она кое што сакам да го знаат граѓаните е дека во овој период е купена фабрика за кабли Неготино, од турска компанија, којашто не работеше години и години, за 6,5 милиони евра. „Дрекслер Мајер“ најавија инвестиција во Куманово за нови 2.000 вработувања. Овие денови нов погон во Кавадарци исто „Дрекслер Мајер“. „Кромберт и Шуберт“ доби една цела нова линија на „Мерцедес“, којашто ќе значи ангажман на 1.600 работници и бараат локација, веројатно се пред одлука за нова фабрика во државава. Со 9 компании во моментов преговараме како за нови странски инвестиции. Очекуваме во втората половина да се вратиме на нормалниот раст“, рече премиерот Заев.

„Пред некој месец и агенцијата „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на државата, секаде паѓаат кредитните рејтинзи, ретко е некоја земја со стабилен, или се бројат на една рака, земјите со напредок“, додаде премиерот Заев.

Тој информираше дека „индустриското производство бележи тенденција на раст, тенденција на раст покажува и трговската размена во странство, приходите во Буџетот се во пораст“.

„На една година од почетокот на пандемијата може да заклучам дека исправни мерки донесовме и исклучително исправни одлуки за да се пуштат сериозни пари и државата да се откаже од сериозни приходи, се со цел поддршка на работните места, на најсиромашните граѓани, најпогодени од кризата, но секако и на компаниите во државата“, оцени премиерот Заев.

Тој посочи дека петтиот пакет мерки има развојна компонента, дека се јакнат приходите, обртите на компаниите, за да се зголемува извозот, за да отворат погоните и за нови работни места, да се зголемува иновативноста и конкурентноста и компетитивноста насекаде во светот.

„5 пакет мерки е поделен на 4 главни столбови и тоа е директна финансиска поддршка на компаниите со цел задржување на работните места на граѓаните, во секторот туризам, занаетчиство, угостителство, транспорт, индустрија за организација на настани. Финансиска поддршка е вториот столб, за ликвидност на приватниот сектор, со бескаматни кредити за задржување и зголемување на бројот на работници со можност за грантови, понатаму, креирање поволно деловно опкружување, со системско редефинирање на царинскиот тарифник, намалување на парафискалните давачки, даночни олеснувања и слично и директната поддршка на граѓаните на коишто им се помага“, соопшти премиерот Зоран Заев на седницата за пратенички прашања во Парламентот.

Next Post

Најмногу пари во Битолско-Преспанскиот Регион државата ќе вложи за заштита на македонскиот црковен бисер „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Американската крајбрежна стража повеќе нема да ги класифицира свастиките како симболи на омраза

November 21, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Почнува постапката за собирање потписи за независни кандидати за градоначалници на Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа

November 21, 2025

ВЛЕН: НАИ се стопи како пластелин

November 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Дуа Липа снимена во бикини покрај базен во Рио де Жанеиро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Персоналот на Меган Маркл мора да ја најавува со целата титула кога влегува во просторија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МОН ги објави резултатите од конкурсот за ученички стипендии 2025/2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мис Јамајка падна од сцената на Мис Универзум, ја изнесуваа на носилки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кевин Спејси по седум години од скандалите: Немам приходи, бескуќник сум, живеам по хотели, по Airbnb станови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk