Најмногу пари од областа на културата во Битолско-Преспанскиот Регион државата ќе вложи за заштита на македонскиот црковен бисер „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново, бесценет културно-историски споменик познат и како македонската „Мона Лиза“ по ѕидното сликарство. Според програмата за финансирање проекти од национален интерес што вчера ја објави Министерството за култура, ќе бидат издвоени три милиони денари за конзервација и реставрација на прва фаза архитектура и конструкција на црквата „Св. Ѓорѓи“, втора фаза како културно наследство во опасност. Ќе бидат вложени уште 20.000 денари за изработка на елаборат за ревалоризација на црквата, објави СДК.МК.
Оваа година, најмногу државни пари од областа на културата во Битолско-Преспанскиот Регион ќе бидат искористени за заштита на недвижното културно наследство. Министерството за култура со 8.260 000 денари ќе поддржи 18 проекти на Завод и Музеј Битола од кои се предвидуваа дополнителна заштита на објекти од културно-историско значење.