ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев за случајот „Монструм“: Процесот е воден на транспарентен начин, политичарите треба да ги тргнат рацете од судството и обвинителството

February 25, 2021 14:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Многу е важна нашата улога каква држава, какво општество димензионираме, во кој правец ја насочуваме државата и пред се младите луѓе. Затоа што не е во ред да се дадат лажни надежи. Тоа што ние можеме како политичари е да помогнеме во потврдување на доволно докази за реотворање на процеси и предмети, денес тоа го можеме преку институциите што се под Парламентот или Владата затоа што тие се управувани директно од политичарите, а согласно докази и аргументи обвинителите да одлучуваат и судовите да пресудуваат, рече на денешната собраниска седница премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратеничко прашање од Скендер Реџепи од Алтернатива во врска со случајот „Монструм“.

Заев тврди дека нема никакво влијание, ниту било каков обид за влијание за овој случај или кој било друг и нема да има во понатамошните постапки пред Апелација, пред Врховен суд, затоа што, како што нагласи, тоа е минато свршено време. Секој, посочи, добива шанса и овде доказите и аргументите, според него, се богови во постапката. Истакна дека сосема нови обвинители и судии суделе по предметот.

-Уште во периодот на објавување на бомбите должност моја беше и како човек и тоа го сторив, сите прислушкувани материјали ги предадов во СЈО. Се отворија предмети и процеси, се реотворија, дел завршија успешно, дел завршија со повторување на казна, нови судски процеси. Ветувањето дека е вредно се за кое постои било каков дополнителен доказ и индиција, впрочем и нашите закони тоа го предвидуваат и Собранието отвори дискусија за посебни законски решенија на оваа тема се со конечна цел – правда, нагласи Заев.

Правдата, посочи тој, е невин да не лежи во затвор, но правда е тој што се огрешил по закон да одговара.

-Ова е еден од случаите во нашата земја кој доби повторување на постапка. Сите транскрипти, т.н. бомби, беа презентирани на јавна седница во судот, сите достапни на јавноста. Внимателно преку јавно достапните информации го следев целиот овој процес затоа што е чувствителен и за семејствата кои ги загубија децата и рибарот, и за луѓето кои се осомничени, и еве повторно осудени, дел ослободени, рече Заев, додавајќи оти процесот е воден на транспарентен начин.

Правосудниот систем, како што нагласи, е тој што ги носи одлуките.

– И ако на кој било начин подгревано, неосновано, ставајќи го самиот систем под прашалник моја должност е да прашам, зошто таа година кога бевме заедно не направивте нешто со мене, затоа што не е наша работа, ниту тогаш ваша, ниту сега наша, ниту тогаш наша. Тоа е работа на јавно обвинителство и судот. Дефинитивно мора да знаеме дека политичарите треба да ги тргнат рацете и од судството и обвинителството. Таму течат процесите, рече Заев.

Процесот, како што вели, беше целосно достапен до јавноста и се гледале сите детали.

-Повторно се направи претсрес на сите докази и излезе аутпут којшто е пресуда на основен суд… Мора да има докази за да работи судот на тоа. Да направиме се што можеме за било кој од случаите, да добие транспретна завршница, но во рамки на правосудниот систем, заклучи Заев, посочувајќи дека со правото на протест излегува вистината и тоа, како што нагласи, е слободарско право во демократски земји како нашата, но, додаде, треба да внимаваме и да работиме за да не загрозиме одредени многукратни други права на било кои од етникумите во нашата земја./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Владата прогласи кризна состојба од 30 дена поради пожарите

July 8, 2025

Голема брзина причина за несреќата во која загинаа Жота и неговиот брат

July 8, 2025

Еланга од Форест во Њукасл за 55 милиони фунти

July 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Што содржи Предлог-извештајот на Вајц за земјава за кој денеска ќе дебатираат членовите на ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто се извини Мицкоски?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град без визија: Зошто Скопје не смее да падне во рацете на лажен ПР

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Град Скопје алармира: Рекордна потрошувачка на вода, масовни диви приклучоци и напад врз советничка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голема брзина причина за несреќата во која загинаа Жота и неговиот брат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk