Демонстранти се обидуваат да ги спречат разгневените демонстранти кои се дел од протестниот марш за случајот „Монструм“ да не удираат и фрлаат предмети кон полицијата.
Говорникот и еден од организаторите на протестот исто така постојано повторуваше „Ве молам не ја напаѓајте и не ја провоцирајте полицијата“ и „Ослободете ја демократијата“. Демонстрантите фрлаа предмети кон полицискиот кордон на Бит Пазар, потоа полека почнаа да си заминуваат.
Пратениците Скендер Реџепи од Алтернатива и Елми Азири од Алијанса исто така ги смируваа демонстрантите на протестот, кои почнаа да фрлаат со предмети по полицијата затоа што не добија дозвола да го продолжат маршот до Основниот суд и до Собранието.
Демонстрантите и полицијата се судрија кај Мавровка каде беше спечено движењето на поворката на незадоволните од пресудите изречени за случајот „Монструм“.
И. Т. З.