ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Дванаесет години казна затвор за Мијалков, седумнаесет години од смртта на претседателот Борис Трајковски, продолжуваат подготовките за пописот

February 26, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Фото: ТВ21.мк

Фото: ТВ21.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски казна затвор 15 години. На Никола Бошкоски казна затвор 15 години. Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска доби казна затвор 4 години. Сашо Мијалков казна затвор од 12 години. Поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски 6 години затвор. Владимир Варелов од УБК условна казна затвор 2 години.

Ефективен притвор за Сашо Мијалков, побара обвинителката Ленче Ристоска. Обвинителката образложи дека БЈБ и МВР не поседуваат опрема за 24 часовен надзор, а истиот има дозвола за претстој и адреса во Прага и поседува финансиски средства кои може да се искористат за бегство.

Пописот ниту ќе даде плус право, ниту ќе одземе некому право. Само ќе ги констатира состојбите во државата, порача вчера премиерот Зоран Заев, повикувајќи ја повторно опозициската ВМРО-ДПМНЕ да учествува во оваа статистичка операција.

Премиерот Зоран Заев сатирично рече дека најверојатно Сашо Мијалков бил во просториите на ВМРО-ДПМНЕ, каде, како што кажа „сè уште чуваат место за него и за Груевски“, одговарајќи на пратеничко прашање од Александар Николоски од ВМРО- ДПМНЕ.

Со положување цвеќе на гробот и на спомен-обележјата во чест на поранешниот претседател Борис Трајковски денеска е одбележана 17-годишнината од неговата смрт во авионската несреќа кај Ротмиље, во близина на Мостар.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и помошникот на секретарот за одбрана на САД за меѓународни безбедносни прашања Мара Карлин денеска попладне истовремено во Скопје и во Вашингтон ќе го потпишат новиот Меморандум за соработка во одбраната меѓу двете држави.

Големиот хуманист, активист и еден од хероите на оваа корона-криза, здравствениот работник Денис Јанкуловски, кој посети илјадници домови при земањето на брисеви и од почетокот на пандемијата секој ден со песна ги разубавува утрата на илјадниците фејсбук фанови, вчера ја примил првата доза од Фајзер вакцината против Ковид-19.

26 февруари 2020 година. Денот кога најголемите стравови на македонските граѓани станаа реалност. Короната е тука, меѓу нас. Сите слики за хорорите, умирачки, трагедии кои ѝм се случуваа на Кина и дел од Европа, се вртеа низ мислите на македонските граѓани. Потврден е првиот случај на коронавирус во земјава. Борбата против ковид- 19 продолжува и денес…

Македонските и бугарските историчари од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија денеска во рамки на 12 состанок, втор ден ќе разговараат за отворените прашања. М. М. 

Next Post

Битиќи: Просечната плата ќе продолжи да расте

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk