Ефективен притвор за Сашо Мијалков, побара обвинителката Ленче Ристоска. Обвинителката образложи дека БЈБ и МВР не поседуваат опрема за 24 часовен надзор, а истиот има дозвола за претстој и адреса во Прага и поседува финансиски средства кои може да се искористат за бегство.
„Мерката куќен притвор не е доволна за обвинетиот Сашо Мијалков. Како Обвинителство бараме ефективен затворски притвор. Мијалков воедно има и адреса на живеење во Прага, ни потврди Европол, рече Ристовски, додавајќи дека станува збор за добро ситуиран човек, кој може да обезбеди логистика за живеење во бегство.“, истакна обвинителката Ленче Ристовска по изрекувањето на пресудите за случајот Таргет – Тврдина
Адвокатот на Мијалков, Љупчо Шврговски не се согласува со тоа и смета дека тоа што МВР нема технички можности за 24 часовен надзор не е вина на обвинетиот.
Претходно Основниот кривичен суд Скопје ги донесе пресудите за обвинетите во случајот „Таргет-Тврдина“, каде поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков е осуден на казна затвор од 12 години..
Поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски е осуден на казна затвор од 15 години. На вработениот во УБК Никола Бошкоски доби казна затвор 15 години. Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска е осудена на казна затвор од 4 години. Поранешниот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски доби 6 години затвор, а Владимир Варелов од УБК доби условна казна затвор од 2 години.
Ј. Ѓ.