Судот на барање на обвинителството му одреди ефективен (затворски) притвор во траење од 60 дена на осудениот Сашо Мијалков. Притворот ќе го издржува во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.
Одбивителката Ленче Ристоска го побара ефективен притвор за Мијалков, со образложение дека БЈБ и МВР не поседуваат опрема за 24 часовен надзор, а осудениот Мијалков има дозвола за престој и адреса во Прага и поседува финансиски средства кои може да се искористат за бегство.
Основниот кривичен суд Скопје во случајот „Таргет-Тврдина“ за масовното прислушување и уништување на опремата од УБК денеска изрече казна затвор од 55 години и 10 години условни казни, односно вкупно 65 години за 11 лица.
Сашо Мијалков е осуден на казна затвор од 12 години.. Поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски е осуден на казна затвор од 15 години. На вработениот во УБК Никола Бошкоски му е изречена казна затвор од 15 години. Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска е осудена на казна затвор од 4 години. Поранешниот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски доби 6 години затвор, а Владимир Варелов од УБК доби условна казна затвор од 2 години.
Ј. Ѓ.