ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Форумот на жени на битолската СДСМ го одбележа Светскиот ден на ретките болести 28 февруари

February 28, 2021 14:19
in ДЕНЕС, МОЗАИК, РЕПУБЛИКА

„Светскиот ден на ретките болести годинава го одбележуваме во околности во кои милиони жители на планетата боледуваат од болест која до вчера беше непозната. Пандемијата што ги промени нашите животи од корен, уште еднаш не натера да се ставиме во кожата на стотици наши сограѓани кои секојдневно се борат со т.н. ретки болести – болести за кои малку се знае, болести за кои терапиите се скапи или ги нема, болести за кои недостигаат научни истражувања или здравствениот систем не ги признава. Да се живее во такви околности, ќе се сложите, не е нималку лесно. Затоа, СДСМ, како одговорна политичка партија воведе системски пристап на грижа за луѓето кои живеат со ретка болест и го зголеми бројот на достапни лекови, информира Тера.мк.

Политиките донесени во последните 4 години сосема го променија пристапот кон справувањето со ретките болести и грижата за пациентите:
– Зголемен е бројот на пациенти кои примаат терапија преку Фондот за здравствено осигурување;

– Го зголемивме буџетот за ретки болести. Во 2017 година тој изнесуваше 213 милиони денари, а во 2020 година е дуплиран и изнесуваше 527 милиони денари;

– Зголемен е и бројот на лекови и достапни терапии за многу дијагнози и групи на ретки болести кои претходно не беа достапни во нашата земја;

– За првпат е воспоставен електронски регистар на ретки болести;

– Националната стратегија за ретки болести 2020-2030 дополнително ќе овозможи унапредување на законодавството според европските регулативи за лекови за ретки болести и унапредување на експертизата на медицинскиот персонал во Северна Македонија.

Во наредниот период, приоритетите на Владата предводена од СДСМ се насочени кон вреднување на потенцијалот на лицата кои боледуваат од ретка болест, нивно прифаќање и поддршка во општеството. Ние се грижиме за секој еден подеднакво. Бидејќи … болеста може да е ретка, но грижата никако не смее да биде ретка“ рече пратеничката од Битола на СДСМ Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Next Post

Политика или граѓанска војна

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk