По повод 28 февруари, денот на ретките болести, како и повеќето политичари, и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска се огласи на социјалните мрежи.
„По повод Светскиот ден на ретки болести, пред сè како лекар, сакам да порачам: Животот на луѓето со ретки болести и нивните семејства не треба да биде дефиниран од нивната болест”, напиша министерката.
-Социјалната реформа нуди системска поддршка за лицата со ретки болести. Како Министерство за труд и социјална политика имаме два приоритети, обезбедување на квалитетна социјална заштита и услуги за лицата со ретки болести и нивните семејства, создавање и практикување на холистички пристап во третманот на лицата со ретки болести и нивните семејства, стои во статусот на министерката.
Ретки, но не и невидливи, додаде министерката