Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ почина ненадејно рано утрово на 66-годишна возраст како последица на срцев удар. Премиерот, со искрено сочувство се огласи на социјалните мрежи.
„Милан Бандиќ беше наш голем пријател и поддржувач, со жалење ја примив веста за неговата прерана смрт”, напиша Премиерот Зоран Заев на Твитер.
„Упатувам искрено сочувство до семејството, колегите и соработниците на градоначалникот на Загреб, во мое име и во име на Владата на Република Северна Македонија”, стои во објавата на Премиерот.