ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Асоцијацијата на архитекти бара запирање на постапката за ресторан „Парк“, до целосен увид во документација

March 1, 2021 13:46
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) се огласи по повод отпочнатите активности за изградба на нов хотел на локалитетот „Горица“ во Охрид, на место каде што сѐ уште егзистира постојниот објект на ресторанот на веќе урнатиот хотел „Парк“. Тие бараат запирање на постапката се до целосен увид во плановите и проектите за новиот објект, како и стручна анализа за усогласеноста на Урбанистичкиот план со Плановите од повисоко ниво и Законската регулатива.

Од Асоцијацијата посочуваат дека градоначалникот на Општина Охрид и сите надлежни институции (локални и национални) треба да постапуваат согласно и исклучиво со законските уредби, пропишаните правила и прописи, особено во ваков период кога се соочуваме со опасност од одземање на статусот на Охрид и охридскиот регион како природно и културно наследство на УНЕСКО, односно наследство во опасност.

-Целта е јавноста да има увид во постапката за изградба на планираниот објект “Хотел“ со катност П+3, особено во, Урбанистичкиот план за локалитетот од 2009 година (кој не даден на јавен увид на веб-страната на Општина Охрид), потоа во Мислењето од Националната комисија за УНЕСКО, како и во Водостопанската согласност од Министерството за животна средина со која се дава дозвола за градба на објект во заштитениот појас со ширина од 50 метри од највисокиот водостој на Охридското Езеро, посочуваат од Асоцијацијата на архитекти на Македонија.

Што се однесува на доследноста и стручноста во работењето на институциите, од ААМ отворено бараат да се направи увид дали во целата постапка се синхорнизирани и усогласени Урбанистичкиот план од 2009 година (како план од пониско ниво) со плановите од повисоко ниво и тоа Простоен план на Република Македонија, Просторен план на Охридско-преспанскиот регион, Планот за управување со Охридскиот регион, со Планот за управување со Националниот парк „Галичица“, како и Стручна анализа за усогласеност на урбанистичкиот план со законската регулатива што го уредува планирањето. Конкретно тука се мисли на Законот за урбанистичко планирање, Законот за градење, Законот за заштита на природата, Закон за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион, Закон за заштита на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро и Законот за води.

Според ААМ, проблемот се усложнува и поради тоа што градежните активности започнуваат после надминувањето на законскиот рок за отпочнување со градба најмногу две години од издавањето на одобрението за градење. Членот 66 од Законот за градење пропишува дека доколку е надминат рокот издаденото одобрение за градење е неважечко, а идната градба бесправна.

Како последна забелешка архитектите на Македонија посочуваат на фактот што постојниот објект што е замислено да биде урнат, претставува наградено репрезентативно архитектонско дело на архитект Павел Балабан од страна на ААМ на БИМАС во 1989 година, кое со својата форма, дизајн, габарит и функција внимателно создава симбиоза меѓу природата и артифициелното, односно Охридското Езеро и околината со автентичната (уникатна) охридска архитектурата од 20-от век.

-Во неможност за увид во плановите и проектите за новиот објект – Хотел, кој треба да го замени постојниот награден објект, како и стручна анализа за усогласеноста на Урбанистичкиот план со Плановите од повисоко ниво и Законската регулатива, бараме да прекине постапката за градење до нивно објавување и позитивна стручна анализа со вклученост на стручната јавност, наведуваат од Асоцијацијата.

Во врска со реакциите на јавноста по најавите дека се отпочнати активности за уривање на ресторанот „Парк“ се огласи градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, кој рече дека се работи за завршена постапка, за која е обезбедена сета потребна документација и градба што во овој миг не може да биде правно оспорена.

– Сега  е доцна да се реагира, правосилно одобрение за градба Општината не може да оспори. Ова е резултат на нефункционирањето на државните институции во 2010 година. Сега нема основа врз која сега ние би можеле да го спречиме градењето на објектот. Планот за управување со Охридскиот регион не можеме да го спроведуваме ретроградно врз завршени постапки и издадени одобренија, рече Георгиески.

Во врска со забелешките дека се работи за репрезентативен објект за кој на проектантот му е оддадено признание, Георгиески рече дека доколку сметала државата требала навремено да го заштити на соодветен начин како што е постапено по примерот на хотелот „Палас“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Римац Невера Р постави 24 светски рекорди, станува најбрзиот електричен автомобил досега

July 13, 2025

Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

July 13, 2025

Кузеска: Дали со тендер од 1,8 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ ќе си ја плати кампањата за избори?

July 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двојно убиство и самоубиство во Прилеп, убиецот ги убил внукот од сестра и неговиот син, па се самоубил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk