„Дури и Сотир Костов, некогашниот близок соработник на Груевски почна да му откажува послушност на докажаниот губитник Христијан Мицкоски. И во измислена анкета на фантомскиот институт на Костов, во лажирани бројки едвај до 63 отсто стигнал Костов.“, истакнуваат од СДСМ во соопштение до јавноста.
Оттаму потенцираат дека ваквите лажирани анкети на соработниците на Никола Груевски само го поткрепува фактот дека Мицкоски е потрчко на Груевски и Мијалков.
„Граѓаните гледаат и многу добро знаат дека Мицкоски беше поставен од Груевски и Мијалков на чело на ВМРО-ДПМНЕ за да ги брани криминалите на режимот. Бидејќи не успеа Мицкоски очигледно и преку оваа анкета му е испратена пораката.“, се вели во соопштението од СДСМ.
Активистот Ацо Лукароски во објава на Фејсбук нагласува дека Сотир Костов секои два три месеци „креира нови анкети“ и додава дека сите се со различни имиња на агенции и институти.
„Сотир Костов е неуморен. На секои два-три месеца КРЕИРА нова анкета и сите се со различни имиња на агенции и институти. И сите се странски имиња. За да изгледа порелевантно. На почетокот од минатата година курирските медиуми објавуваа реултати од анкети на Институт „Habeas Corpus“. Неколку месеци подоцна објавуваа резултати од Европски институт „Europe Elects“. Оваа година на ред е Здружението CIA Vista. Истото здружение коешто пред месец и пол по грешка објави НОВА анкета, со прашање за кого ќе гласате на изборите на 15 јули, па после ги бришеа страниците!“, објави Лукароски.
Ј. Ѓ.
“