ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Во Шуто Оризари отворена народна кујна за лица во социјален ризик

March 2, 2021 13:18
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Шуто Оризари денсека е отворена народна кујна која ќе обезбедува храна и оброци за 320 до 380 граѓани во социјален ризик од Општината. Според премиерот Зоран Заев, ова треба да е инспиративен пример, за сите до донираат и помагаат на најсиромашните и најранливите.

Оброците за народната кујна ќе се подготвуваат во детската градинка „8 Април“, која е во втората фаза на целосната обнова.

Премиерот денеска ја посети оваа градинка, и ја истакна улогата на волонтерите во народната кујна, но и на готвачите и оние што ја разнесуваат приготвената храна на своите сограѓани кои не се во состојба да дојдат во народната кујна.

Тој им честита на сите општествено одговорни компании и фондации кои учествуваат со свои донации со цел народната кујна секојдневно да ја исполнува својата хумана мисија. Тие како што рече Зева, се инспиративен пример да се вклучат што поголем број на компании, бизнисмени, политичиари и општественици со свој придонес во вакви општествено одговорни проекти.

– Сакам да ја издвојам општинската народна кујна како иницијатива на Општина Шуто Оризари која постави една благородна цел, секојдневно да им помага со топол оброк на 320 до 380 сограѓани, лица во социјален ризик. Ја користам приликата да испратам апел до сите хумани луѓе кој колку може да донираат за да помагаме на најсиромашните, на најралнивите, рече премиерот.

Според Заев, општинската народна кујна е пример на кој може да се угледат и други општини каде што живее население во социјален ризик.

Тој исто така информира дека целосната обнова на градинката и на Центарот за деца од улици кои беа опожарени во 2017 година, е во втората фаза откако од првата фаза беше завршен еден дел од градинките кој веќе функционира со капацитет, а згрижи 150 дечиња.

Заедно со новиот дел кој е во изградба, Заев рече дека ќе бидат опфатени вкупно 306 деца во сите гурпи од предучилишното грижување.

– Министерството за труд и социјална политика учествува во опремување на градинката во вредност од 6,5 милиони денари додека градежните активности се реализираат со 1,5 милиони долар од Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград, преку УНДП. Децата од Шуто Оризари имаат можност да престојуваат во модерна и енергетски ефикасна градинка со обезбедени услови според највисоките стандарди за предучилишно образование, рече Заев.

Како што додаде тој, освен највисоките стандарди за енергетска ефикасност, градбата ги вклучува и стандардите за пристапност и инклузивна опрема за игралишта обезбедувајќи им на децата со попреченост да уживаат еднаков пристап со своите врсници.

Заев посочи дека за децата во градинката се грижат 17 вработени,е кои на децата од Шуто Оризари им обезбедуваат еднакви можности за високо квалитетно згрижување и воспитување во раното детство обезбедувајќи им соодветни простории за учење, рекреација, грижа и хигиена.

Премиерот информира дека во мај оваа година е планирано да биде завршена и изградбата на Центарот за деца од улица, кој ќе има капацитет да згрижува 100 деца од улица на возраст од 5 до 13 години, со целодневен престој под грижа на осум стручни работници.

– Сите овие активности ги потврдуваат нашите заложби постојано да ги подобруваме условите за живот на ромската заедница. Креираме можност за правичен пристап до сите социјални погодности, стекнување услови за подобар животен стандард и надминување на социјалното исклучување. Борбата за справување со социјалните ризици е заедничка и заедно ќе ја водиме се додека не обезбедиме заеднички живот за сите, изјави Заев.

Министерка за труд и социјална политика Јагода Шахпаска која го придружуваше премиерот Заев, истакна дека Министерството високо на својата агенда ја има грижата за најранливите категории на граѓани.

– Општина Шуто Оризари има отворено кујна која што обезбедува храна и оброци за оние граѓани од општината кои не можат тоа да си го дозволат. Ова е еден хуман и благороден гест кој што начи подигање на општата свест а да се грижиме за тие што се немоќни и за тие на кои им е потребна помош, рече министерката.

Таа информира дека Министерството во 50 општини има отворено 50 народни кујни, а храната се дели на 61 пункт.

Исто така сподели дека 3.143 оброци на дневно ниво се распределуваат на најранливите категории на граѓани низ целата држава.

Оваа година, како што информираше министерката, дополнително зголемен е обемот на финансиски средства за народните кујни во Скопје кои ќе споделуваат околу илјада оброци на дневно ниво.

– Од тука како Министерство за труд и социјална политика силно ја поддржуваме иницијативата на Општина Шуто Оризари и препорачуваме и останатите општини да го следат овој позитивен пример. Истовремено, покрај грижа за најранливите, како Министерство секако дека високо на агендата е и грижа за најмладите, рече Шахпаска.

Таа додаде дека целта е да се догради и вториот објект во оваа градинка, кој што збирно би опфаќал 306 деца од кои што 70 деца ќе бидат во детски јасли. Ова, како што рече, значи овозможување на мајките да се вклучат на пазарот на трудот.

– Кога секоја жена знае дека детето е сместено во вака квалитетни услови согласно светски и меѓународни стандарди, тогаш може спокојно да се врати и да ги извршува своите работни задачи. Исто така, е и дневниот центар за деца од улица кој треба да опфаќа 100 деца кои се во најголем ризик и со кој што ќе работат високо профилирани, стручни и компетентни кадри во кои Министерството сериозно инвестира, рече Шахпаска.

Министерката рече оти посакува да се подигне општествената свест и да помагаме со свои примери како треба да се поддржуваат вакви проекти.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025
Фото: Бела Куќа

САД и Саудиска Арабија потпишаа договор за продажба на воена опрема вреден 142 милијарди долари

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk