ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Еколошката правда е далечна за македонските граѓани

March 3, 2021 16:50
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Еколошката правда е далечна за македонските граѓани, а институциите ќе треба да работат на подобрување на ефикасноста, транспарентноста, ажурноста и координираното работење. Ова го констатира документот за јавни политики „Како до ефикасна и ефективна еколошка правда?“, кој денеска беше презентиран во рамките на проектот „Воспоставување на ефикасна и ефективна еколошката правда” имплементиран од страна на Центарот за правни истражувања и анализи – ЦПИА, финансиран од UK Aid преку Владата на Обединетото Кралство, информира Мета.мк.

Пристапот до правда е најнефункционалниот сегмент во сите области на животната средина, почнувајќи од заштитата на природата, водите, управувањето со отпадот, како и заштитата на амбиенталниот воздух. Институциите во Македонија работат без да се координираат меѓусебе, а особено недостасува комуникација меѓу Министерството за животна средина и другите министерства, но и координација на релацијата централна, регионална и локална власт, што многу ја отежнува ефикасноста на институциите. Од тие причини документот предлага прифаќање интер-ресорски пристап во изготвувањето и следењето на стратешки документи, национални планови и програми, но и инклузивност и партнерство со граѓанските организации и искористување на нивната експертиза и знаења.

„Дел од мерките кои се предлагаат за зголемување на ефикасноста се и воспоставување Платформа за мониторинг и верификација на намалување на емисиите на стакленички гасови и следење на мерките предложени во стратешките документи, како и Управата за животна средина да добие статус на самостоен орган во форма на агенција или дирекција со сопствен буџет, структура и организација“, посочи Александар Дединец од МАНУ.

Транспарентноста во поглед на прашањата од животната средина е на многу ниско ниво. До Министерството за животна средина не стигнуваат витални информации, заради што е оневозможено следење на состојбите и навремено идентификување на проблемите. Веб страните на државните институции не се ажурирани, ниту, пак ги содржат вистинските информации, а на темите од животната средина ретко има расправи и дебари кои ја вклучуваат јавноста. Од тие причини, во документот се предлага формирање Национален еколошки информативен систем во којшто навремено ќе се доставуваат целосно и тековни податоци од различните институции, како и посебен дел на Платформата за еколошка правда, како форум за коментари, забелешки и идеи кој ќе биде достапен за граѓаните, но и поголемо вклучување на еколошките организации во процесот на креирање политики.

Правото на здрава животна средина, според проф. Гордана Лажетиќ, не се остварува. Во поглед на ажурноста, документот „Како до ефикасна и ефективна еколошка правда?“ констатира дека правната рамка која ги опфаќа законите од животната средина, колку и да е богата или раширена, во отсуство на вистинска имплементација и пред сé можности за имплементација, е неефективна, а целиот систем за заштита на животната средина тромав и неажурен. Лажетиќ заклучува дека законите пречесто се менуваат, а во некои области, на пример водите, половината од предвидените подзаконски правни акти воопшто не се донесени. Институциите, како тие на државно, така и тие на локално ниво имаат недостиг од човечки ресурси, но и од потребни технички капацитети. Општините, на пример, немаат капацитети, буџет, ниту можност, ефективно да преземаат мерки, а оние на чија територија се наоѓаат заштитени подрачја немаат ниту доволен капацитет за справување со прашањата поврзани со заштита на животната средина. Пристапот до правда во земјата е сложен, правото ни е само декларативно, имаме лимитиран пристап до судска заштита и не се следат меѓународните трендови. Заради тоа преку овој документ се предлага воведување на еколошка тужба и еколошки Task Force, што е модел на соработка преку заеднички тимови за вршење контрола и надзор помеѓу Државниот инспекторат и истражните органи со механизам за откривање и превенција на кривичните дела во животната средина.

Во декември минатата година беше формирана и Платформата за еколошка правда која има цел да ги поврзува научната јавност и институциите кои работат на зачувување и унапредување на животната состојба во земјава и да работи да се обезбеди најдобрата поддршка во справувањето со еколошките состојби и проблеми. За Платформата за еколошка правда, освен научно-истражувачкиот пристап, основно начело ќе биде и инклузивноста и принципот на еднаквост на членките кои ќе го донесат одлуките. Ќе бидат вклучени 14 членови, претставници на Центарот за правни истражувања и анализи, МАНУ, Министерството за животна средина, Државниот инспекторат за животна средина, ЦУК, Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за внатрешни работи и за правда, Академијата за судии и јавни обвинители, Македонското здружение на млади правници, Еко свест, Фронт 21/42, Град Скопје и ЗЕЛС.

Next Post

Собранието ѝ изгласа доверба на Владата

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk