За набавката на вакцините вчера се огласи премиерот Зоран Заев, кој истакна дека недоволниот капацитет на продукција и на фајзеровите и на сите други вакцини во светот е причина за доцнењето на вакцините кај нас.
Премиерот Заев вчера истакна дека е недозволиво мешање на една земја во внатрешните работи на друга земја, апелира Софија да не потпаѓа под инсинуации и неточни информации.
Планот за борба против корупцијата нема рокови, но има рокови кои се однесуваат на секоја точка во него. Планот е отворен и ќе се надоградува. Постојано на Влада ќе се разгледува статусот на реализација, истакна вечерва вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот Љупчо Николовски.
Генералната оценка на најновиот извештај на Фридом Хаус е дека владата на повторно избраниот премиер Зоран Заев направила пресврт во однос на повеќе годишното претходно уназадување на демократијата, и дека сериозно прашање за државата е тоа што ЕУ не го одржа ветеното дека земјата ќе го започне процесот на преговори на крајот од 2020 година.
Никој не смее да ги загрозува правата на бугарската заедница во земјава, и нивната посебност, напротив, граѓанските организации треба да бидат охрабрени да соработуваат со властите и да бидат внесени во сите механизми за остварување на своите колективните права, вели шефот на дипломатијата Османи.
Министерството за труд и социјална политика информира дека од утре 4 март (четврток) 2021 година започнува исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични прaва) за месец февруари 2021 година.
Државниот завод за статистика вчера еден ден по официјалниот почеток на пописот излезе со соопштение во кое напомена дека апликацијата за попишување, наменета за дијаспората е безбедна и дека до неа може да се пристапи само од ИП адреса во странство.
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за незаконското финансирање на невладината организација „Меѓународен сојуз”, каде заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица.
М. Миткоска







