ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Се моли Софија да не им отежнува на овдешните Бугари

March 3, 2021 11:02
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Не би можел да погодам колку Бугари живеат во Македонија, бидејќи тоа, за мојата повоена генерација, никогаш не била никаква значајна тема во македонската општествена и политичка реалност. Но, колку и да се – бугарските политичари им прават ужасно лоша услуга. Вакво политичко злоупотребување на некоја група на граѓани во соседна земја за најординарни предизборни валкани цели, како ова во трката за власт во Бугарија, никому нема ништо добро да му донесе, а најмалку на нашите сограѓани, овдешните Бугари. Бидејќи, овој низ од провокации на кои сме изложени со месеци наназад од Софија на оваа тема, на крајот, ќе создаде вистински одиум и реални непријатности за оние кои имаат бугарски чувства во земјава.

Дополнително, не разбирам како може бугарскиот претседател Радев прашањето да го издига на ниво на проблем за бугарската национална безбедност (!), а истовремено едно од најистакнатите барања што се испорачуваат од Бугарија кон Македонија е ние да потпишеме врвни државни гаранции (што веќе сме го декларирале, дури и во Уставот, како официјална политика на земјата) дека нема да се мешаме во бугарската внатрешна политика околу статусот и барањата на Македонците во Бугарија? Ако се правата на Македонците во Бугарија – што, патем, не можат да си ги остварат, оверено со низа пресуди од Европскиот суд за човекови права против Република Бугарија – тамошна внатрешна работа, зошто би биле статусот и правата на Бугарите во Македонија предмет на непристојно занимавање на бугарската политика?

Тоа, се разбира, нè води до пописот во Македонија: кога веќе фул-тајм се занимаваат со внатрешните работи на оваа држава, со која бројка на Бугари во македонското резидентно население лицитира Софија, што би се вклопила во нивните политички потреби? Таму информациите за издадени бугарски пасоши на македонски државјани се „дуе“ по десетина илјади со секој изминат месец, па е сега некаде над 100.000 – може само да се претпостави каква ќе биде возбудата на официјална Бугарија доколку бројот на овдешните Бугари се покаже како многу помал од таа цифра… Откако Радев веќе ја „потроши“ опцијата за свикување на својот Совет за безбедност по ова прашање, претпоставувам дека следниот чекор е барање за тоа да расправа Советот за безбедност на ООН?!

Загрижувачки, политиката на овдешната македонска националистичка опозиција извонредно оди на рака на бугарските ставови, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ веќе го прогласи пописот, уште незапочнат, за пропаднат, фалсификуван, криминален, предавнички и сл. Бидејќи нивните ставови битно ќе влијаат врз прифаќањето на граѓаните да се попишат, навистина се поставува прашање (слично како за Бугариај) кој е интересот на ВМРО-ДПМНЕ во врска со пописните резултати? „Бугарскава компликација“ е само случаен „бонус“ во нивниот напор за создавање на општествен хаос во Македонија – или е прашање на налудничава координација против сè што може да заврши со некаков успех за државава?

Затоа, да се вратиме на почетокот, кој може од целиот овој политикантски галиматијас да го извлече „најдебелиот“ крај? Па, македонските Бугари, се разбира, бидејќи националното чувство на големото мнозинство на овие луѓе, без разлика колку и да се, не е резултат на политичките конспирации за уривање на сегашната власт во Скопје. Всушност, за општествено-политичкиот статус на македонските Бугари најлошиот резултат би бил токму паѓањето на оваа власт, оти со политиката на ВМРО-ДПМНЕ за релациите кон Бугарија следната шанса за подобрување на односите кон нашиот источен сосед е статистички помала од најмалиот процент што може да се претпостави како бугарска етничка застапеност во македонското население.

Како што се гледа, глупоста навистина не познава (државни и партиски) граници.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

Next Post

Од 6 март нови рестриктивни мерки во Италија

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk