ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Ваксинирањето на шпанските принцези Елена и Кристина во ОАЕ ги разгневи Шпанците

March 3, 2021 20:17
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Медиумските информации дека сестрите на кралот Фелипе Шести биле вакцинирани против коронавирус во ОАЕ, денеска предизвикаа бурни реакции во Шпанија, каде крајно левичарската партија Подемос, која е дел од владеачката коалиција во земјата, соопшти дека ваквите „привилегии само служат за дискредитација на монархијата“.

Според весниците „Ел Мундо“ и „Ел доверливо“, принцезата Елена (57) и принцезата Кристина (55) биле вакцинирани во февруари во Абу Даби, додека биле во посета на нивниот татко, поранешниот крал Хуан Карлос. Двете принцези се уште немале право да се вакцинираат според шпанската програма за имунизација против Ковид-19, која им дава приоритет на старите лица и на најранливите категории граѓани.

Хуан Карлос, кој абдицираше во 2014 година, лани во август пребега во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) поради истрага во врска со неговите финансиски договори.

Портпарол на кралската палата не даде коментар за скандалот, наведувајќи само дека принцезите формално не се дел од институцијата, а палатата ја нема нивната агенда на активности.

Подемос, помладиот партнер во коалициската влада на социјалистичкиот премиер Педро Санчез, и кој е силно антимонархистички настроен, жестоко го критикуваше кралското семејство.

-Вакцинацијата на принцезите е повеќе вест што придонесува за дискредитација на монархијата. За јавноста, ова е повластен третман и привилегија, изјави за јавната телевизија ТВЕ министерката за еднаквост Ирене Монтеро, членка на Подемос.

Монархијата е едно од неколкуте прашања што ги разделуваат Подемос и владејачките социјалисти од јануари 2020 година. Ова е првпат една антимонархистичка партија да е на власт откако Шпанија се врати кон демократијата во 1970-тите. /МИА/

Next Post

Албин Курти на средби со Мета, Рама и Баша

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk