Мнозинство од пратениците во Собранието ѝ изгласа доверба на Владата. Ја расчистивме маглата, се соочивме со реалноста, пишува на Фејсбук страната на премиерот Зоран Заев.
„Владејачкото мнозинство е стабилно и со тенденција да се зголемува во наредниот период.
ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметена како најголемиот кочничар на реформите, мерките и политиките што се во интерес на граѓаните.
Северна Македонија има стабилна власт и разнишана опозиција“, пишува на Фејсбук страната на Заев.












































































































