Европската фудбалска федерација УЕФА објави дека реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите Ливерпул – Лајпциг ќе се одржи на „Арена Пушкаш во Будимпешта.
Натпреварот е закажан за 10 март.
На истиот стадион, екипите го одиграа првиот натпревар во кој Ливерпул победи со 2:0.
За потсетување, германските власти одбија да му дозволат влез на англискиот клуб во земјата поради ограничувања предизвикани од коронавирусот.
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп во очи на дерби натпреварот со Челзи зборуваше за потенцијалните проблеми на клубот на трансфер пазарот доколку ја пропушти Лигата на шампионите оваа сезона.
– Најважната работа за нас е влез во Лигата на шампионите. Од ова многу зависи финансискиот фактор. Самиот турнир е исто така одличен, но парите се важни за клубовите. Секако, би сакал да ги инспирирам играчите за време на преговорите. Кога првпат дојдов во Ливерпул, преговаравме со играчи кои имаа понуди од клубови од Лигата на шампионите, а ние можевме да им ја понудиме само Лигата на Европа, изјави Клоп за „Goal“.
Ливерпул е шести во поредокот во Премиер лигата со 43 бода од 26 натпревари. Тимот заостанува зад зоната во Лигата на шампионите два бода