ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Николов – пописот е суштински за една локална самоуправа, британскиот сој детектиран и кај другиотиовратник од Занзибар…

March 4, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

МЗ: МАНУ детектираше британски сој на корона вирусот и кај вториот од пациентите кои патувале во Занзибар. Според анализите што денеска ги направи МАНУ на брисот од другиот пациент кој пред неколку дена се врати од Занзибар, детектирано е присуство на британскиот сој на вирусот СарсКов2.

Вакцинирани 3.028 здравствени работници, 120.369 граѓани се пријавиле за вакцинација против Ковид-19. Имунизацијата се одвива во модуларната болница при Инфективната клиника во Скопје, а се врши со вакцини од производителот „Фајзер“ кои државава го доби како донација од Србија.

ДЗС: Дезинформација е дека во апликацијата можеле да се внесат 13 нули во полето за матичен број. Уште еднаш алармираме да не се пласираат лажни информации дека во апликацијата можеле да се внесат 13 нули во полето за матичен број. Ова не е возможно, ниту пак видовме каков било доказ или print screen за вакво нешто.

Алаѓозовски: Учеството на сите граѓани во Пописот, помага во креирањето на подобри политики за подинамичен економски развој и подобар живот во земјата.
Николов: Пописот е суштински за една локална самоуправа, немаме податоци колку жители од етничките заедници живеат во Штип, ниту старосната граница.  Ние мора да ги знаеме демографските, социјалните и економските параметри. Треба да ја планираме инфраструктура, но ние немаме статистика за да планираме.

Китанова: Податоците од пописот во Штип ќе се користат за креирање на развојни политики и истражувања. Доколку нема можност за извршување на сите должности, ќе се прави тоа во некое училиште. Обезбедени се простории за попишувачи, за тестирање, за складирање на материјали и за опремата која ке ни биде доставена. Тоа е се од техничкиот дел за пописот.“, рече Китанова.

Здравков: 10.000 потписи против попис докажуваат дека колку и да е добра намерата, толку е голем и сомнежот. Дециден став никој не зазема став дека треба да бојкотира. Ако некој сака да го злоупотреби, нека му служи на честа а тоа во иднина ќе се покаже, изјави Здравков.

Сослушани вештак и сведоци на обвинителство за случајот „Друмарина“, Бонева вели – вештакот призна дека погрешно утврдил помал број на поминати километри. На прашањето од бранителот на Бонева, дека покрај неа тој возел и други пратеници сведокот потврди дека превезувал и други пратеници кои не се од Скопје, а ги оставал на локации во главниот град.
Реконструкција за убиството на Ангел Петковски. Претходно обвинетиот Ештрефи, со одлуката на Основниот кривичен суд Скопје беше осуден на 14 години затворска казна, што беше потврдена од скопската Апелација. Одлуките ги укина Врховниот суд и судењето против обвинетитот Ештрефи е вратено на повторно одлучување.
Над 22 илјади лица евидентирани преку апликацијата за самопопишување. До апликацијата за попишување наменета за дијаспората може да се пристапи само со ИП адреса од странство, а секое нарушување на процесот на прибирање на податоци е казниво со закон.

Спасовски со апел до граѓаните: Внимателно, на „Тик Ток“ се забележани повици за самоповредување на малолетници.  Спорeд досегашните сознанија, вакви повици нема од профили на наша територија ниту од околните држави, но апелираме на будност и надзор со цел да се избегнат било какви несакани случувања, напиша Спасовски на Фејсбук.

МБА: Мерката за дивидендата превентивна во функција на натамошно јакнење на банките. На состанокот одржан вчера договорено е во наредниот период дополнително да  се интензивира споделувањето податоци и информации од банките и штедилниците со Народната банка.

Стоилковски бега од соочување со правдата за да шири измислици и конструкции од белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ. Поради неговото денешно отсуство, пропадна уште едно рочиште за предметот „Талир“. Ова е веќе видено од функционери на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.

И. Т. З. 
Next Post

Битиќи: Секој граѓанин е важен, направени се сериозни напори за зачувување на секое работно место

Shortcut

Најново

Од ладна резерва до рекордна добивка: Што се случи со ТЕЦ „Неготино“ во кризата?

August 30, 2026

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

August 30, 2026

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk